Македонија
Усвоен новиот текст на Националната стратегија за соработка со дијаспората

Владата на денешната седница го разгледа и усвои новиот текст на Националната стратегија за соработка со дијаспората за 2019-2023 година, заедно со акцискиот план за спроведување на Стратегијата и го задолжи министерот за дијаспора да ја информира Владата за текот на реализацијата на Стратегијата.
Владата ја разгледа и усвои информацијата за поставеноста и дејствувањето на целокупниот систем за кризи, имплементацијата на националната платформа за намалување ризици од несреќи и катастрофи. Информацијата, придружена со насоките за реформирање на овој систем со користени компаративни искуства, тргнува од утврдената потребата од реформи на поставеноста на системот за управување со кризи и системот за заштита и спасување за да се создаде ефективен, ефикасен и координиран одговор на преземање активности во превенција, раното предупредување, прв одговор, справување и враќањето во првобитна состојба.
Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за текот на постапката за продажба на движните опасни и експлозивни ствари, што претходно биле во сопственост на згаснатата компанија АД „Теас-Темко“ и што се наоѓаа на имот на АД „Макпетрол“. Во согласност со оваа информација, Генералниот секретаријат на Владата спроведе постапка за продажба на движните опасни ствари во согласност со претходна одлука на Владата, со што трајно се отстранети од територијата на нашата земја.
На денешната седницана Владата го утврди предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижностите, кој има цел подобрување на деловната клима со подобрување на квалитетот на запишаните податоци во Катастарот на недвижностите, зголемување на процентот на запишаните права во Катастарот на недвижностите, што ќе продуцира со јакнење на вербата во јавната книга, како и зголемување на транспарентноста на институцијата како јавен сервис на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.