Забава
Италијанците ги молат туристите да не нарачуваат шпагети болоњезе и тврдат дека таков рецепт не постои
Шпагетите во болоњезе-сос се омилено јадење во светот, но доколку се обидете да ги нарачате во градот на Вирџинио Мерола, нема да имате среќа.
Иако многумина се свесни за италијанскиот темперамент, се чини дека Италијанците секогаш може да изненадат со едно ниво повеќе.
Имено, градоначалникот на Болоња прави сè за да објасни дека шпагетите во болоњезе-сос не потекнуваат од неговиот град.
„Шпагети болоњезе всушност не постојат, а иронија е тоа што се светски познати“, изјавил градоначалникот Мерола за „Раи“ и додал дека жителите на Болоња сакаат светот да ги познава по тортелините и лазањите, кои се измислени во овој град.
Колку Мерола е ангажиран во однос на ова прашање, говори и фактот што на социјалните мрежи поведе кампања во која му објаснува на светот дека шпагетите болоњезе не само што не потекнуваат од неговиот град туку и практично не постојат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Полицијата ја истражува смртта на Метју Пери, се обидуваат да откријат кој му го дал кетаминот
Актерот Метју Пери почина во октомври минатата година, а неговата смрт е под истрага. Портпаролот на судскиот вештак во Лос Анџелес изјави дека Пери починал од консумирање кетамин и давење.
Полициската управа во Лос Анџелес и Управата за борба против дрога ја истражуваат смртта бидејќи сè уште е отворено прашање – кој му дал на Метју кетамин.
Истрагата трае со месеци, а клучните личности од Холивуд се сослушани, изјави извор за TMZ.
Тие рекоа дека на оние на кои им пристапиле инспекторите биле „познати дека имале историја на употреба или злоупотреба на дрога“.
Изворот рече дека интервјуираните „не се нужно вистинските добавувачи на кетамин“, но се верува дека имаат информации што би можеле да доведат до изворот или до лицето кое му дало на актерот кетамин.
Засега никој не е уапсен.
Неговата поранешна девојка Кајти Едвардс пред два месеци побарала полицијата повторно да ја отвори истрагата бидејќи верува дека медицински персонал му давал лекови. Таа вели дека во екот на неговата зависност, актерот имал медицинска сестра која му носела лекови.
Забава
Салма Хајек и нејзиниот сопруг ги привлекоа погледите во Кан
Салма Хајек и оваа година не го пропушти Кан.
Актерката на филмскиот фестивал пристигна со сопругот и францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино, а парот се гушкаше и позираше пред фотографите и не ја симнуваше насмевката од своите лица.
Салма Хајек е 15 години во среќен брак со Франсоа-Анри Пино, а по повод нивната годишнина објави досега невидени фотографии од нејзината венчавка во април 2009 година, која се одржа во Венеција.
Забава
Принцот Вилијам за прв пат беше на забава без Кејт
Принцот Вилијам беше домаќин на традиционалната забава одржана во градините на Бакингемската палата овој вторник, а фотографите го фатија во добро расположение.
Вилијам на забавата присуствувал без сопругата Кејт која се опоравува од рак, а на забавата ја задржал насмевката на лицето. Како и Кејт, и кралот Чарлс се лекува од рак и не присуствуваше на забавата.
Кејт последен пат беше видена во јавноста минатиот Божиќ, а нејзиното ненадејно исчезнување од јавноста, како и тајноста околу нејзината здравствена состојба, ја вознемири јавноста.
Во март таа објави дека има рак, а оттогаш принцот Вилијам сам ги извршува кралските должности.