Свет
Меркел го отфрли притисокот од САД за провоцирање на руската морнарица
Германската канцеларка, Ангела Меркел, наводно, се спротивставила на притисокот од Вашингтон одбивајќи го предлогот на потпретседателот Мајк Пенс да ги испрати бродовите на германската морнарица кон Крим, пренесува „Старс енд страјпс“, цитирајќи анонимни извори запознаени со ова прашање.
На безбедосната конференција во Минхен на 1 февруари Пенс, наводно, барал германски бродови да отпловат низ теснецот Керч, кој го дели Крим од континентална Русија, за да му покажат на Путин дека западните сили нема да се откажат од пристапот во тие води.
Три километри широкиот теснец Керч е критична точка што Путин се обидува да ја консолидира својата контрола врз полуостровот Крим и источна Украина, пркосејќи им на санкциите од Европската Унија и САД.
Меркел посочила дека е подготвена, во координација со Французите, да испрати конвој низ теснецот како еднократен маневар, но украинскиот претседател Петро Порошенко рекол дека тоа не е доволно за да го реши нивниот проблем – тој сака да осигура трасата да биде отворена трајно.
Франција, исто така, одбила да учествува оценувајќи ја идејата како непотребна провокација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

