Контакт

Забава

Џејсон Момоa: „Авионот се запали, па моравме присилно да слетаме”

Објавено пред

„Изгледа дека денес малку ќе задоцниме. Авионот ни се запали поради некој дефект во моторот, па моравме присилно да слетаме“, рече американскиот актер Џејсон Момоа (39) со што ги загрижи своите обожаватели на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

Неговиот приватен авион бил принуден да слета поради дефект на моторот, а видеоснимката од местото на настанот славниот Аквамен ја сподели со своите следбеници.

„Добрите стари пожарникари, одлично е да се имаат покрај себе“, додаде актерот кој не изгледаше премногу загрижен. Момоа, заедно со пријателите, патувал од Лос Анџелес до Феникс и додека чекале за превоз, тој успеал да се фотографира со локалните пожарникари.

„Се надевам дека сè е во ред, се загриживме за тебе. Држи се и среќно“ е само еден од многуте коментари на обожавателите на Џејсон под фотографијата која на официјалната страница ја објавија пожарникарите на Палм Спрингс.

Џејсон е во брак со Лиза Бонет (51), поранешната сопруга на Лени Кравиц. Неодамна во вечерното шоу на Џејмс Корден призна дека се заљубил во Лиза кога имал само осум години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Џорџ Клуни: Никогаш не сум се скарал со Амал

Објавено пред

Џорџ Клуни откри дека никогаш не се скарале со неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни. Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот рече дека тајната на нивниот хармоничен брак е во зрелоста и меѓусебната поддршка.

dobivaj vesti na viber

„Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале“, изјави Клуни, објаснувајќи дека со текот на годините престанал да се расправа за ситници. „Кога си млад, сакаш секогаш да бидеш во право. Денес, ако Амал сака да го обоиме ѕидот во црвено — едноставно не ми е важно,“ рече со насмевка.

Актерот додаде дека нивниот однос се темели на почит и разбирање, а не на натпревар. Клуни и Амал се запознале во 2013 година, се свршиле следната година и се венчале во Венеција во 2014 година. Денес се родители на близнаците Александар и Ела.

Прикажи повеќе...

Забава

Кира Најтли призна: Славата по „Пиратите од Карибите“ беше толку тешка што доживеав нервен слом

Објавено пред

Британската актерка Кира Најтли откри дека по улогата во филмската франшиза Пиратите од Карибите добила посттрауматско стресно нарушување (ПТСП). Огромната слава што ја стекнала на само 17 години, по првиот филм во 2003 година, ѝ предизвикала психички притисок и тешко се справувала со вниманието на јавноста.

dobivaj vesti na viber

На 22 години доживеала нервен слом, по што побарала стручна помош и направила едногодишна пауза од глумата. Денес, на 40 години, Најтли вели дека ужива во кариерата и во „многу помирно ниво на слава“.

Интересно, таа признала дека никогаш не го погледнала третиот дел од Пиратите од Карибите. Некои од своите други филмови, како „Всушност, љубов“ (Love Actually),  ги гледала само еднаш – на премиерата пред повеќе од две децении.

Прикажи повеќе...

Забава

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство

Објавено пред

Според експертите, ова се некои од работите што не ги паметиме од детството или што сме ги потиснале ако сме имале токсични родители.

dobivaj vesti na viber

Сеќавањата од детството често се нејасни, но за луѓето кои пораснале со токсични родители, одредени моменти можат да бидат целосно потиснати. Ова не се нужно трауматски настани во класична смисла, туку мали, повторувачки ситуации кои го обликувале начинот на кој се перцепираме себеси и другите.

Кога родителите се емоционално недостапни, премногу критични или нестабилни, детето учи да ги потиснува чувствата и да го менува сопственото однесување за да преживее во таква средина. Значи, според експертите, ова се некои од работите што не ги паметиме од детството ако сме имале токсични родители.

1. Чувство на безгрижност
Децата кои пораснале со токсични родители ретко се сеќаваат на моменти на целосна безгрижност. Наместо игра и безбедност, нивното детство било исполнето со претпазливост – постојани обиди да не направат „нешто погрешно“. Наместо да бидат спонтани, тие рано научиле да го мерат секој збор и акција, што им отежнувало да уживаат во едноставните моменти од животот подоцна.

2. Чувство на емоционална сигурност
Советниците за ментално здравје објаснуваат дека децата во токсични семејства ретко развиваат чувство дека се сакани безусловно. Наместо топлина и разбирање, тие добивале љубов преку контрола, вина или тишина. Затоа многу возрасни имаат тешкотии да се поврзат со сопствените емоции, бидејќи никогаш не научиле дека е безбедно да чувствуваат и изразуваат што ги повредува.

3. Чувство дека се доволно добри
Многу возрасни кои имале токсични родители не можат да се сетат на време кога почувствувале вистинско прифаќање. Наместо пофалби, добивале критики или споредби со другите, а со текот на времето научиле дека мора да „заработат“ љубов. Овој модел често се пренесува и во возрасните односи, каде што постојано бараат потврда за сопствената вредност преку одобрувањето на другите луѓе.

4. Доживување нежност и поддршка
Советниците истакнуваат дека луѓето кои пораснале со родители без емпатија честопати не се сеќаваат на нежни гестови – прегратка, утеха или едноставни зборови на поддршка. Наместо тоа, тие се сеќаваат на напнатост, студенило и чувството дека мора да бидат „силни“. Недостатокот на овие мали, но клучни искуства остава длабок белег во зрелоста, бидејќи ги учат другите да сакаат на начин на кој никогаш не биле сакани.

Иако можеби не се сеќаваат на многу работи, луѓето кои пораснале со токсични родители можат да научат да си ја дадат сигурноста, нежноста и љубовта што им биле потребни во тој момент.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер

Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на  Изет...

Македонија4 часа

Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос

Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за...

Македонија5 часа

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија 

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Првата средба ја...

Свет5 часа

Систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на ЕУ; ЕК во страв од тројански коњ на Русија во рамките на Унијата

Европската комисија разгледува воведување систем на пробен период за земјите што во иднина ќе станат членки на Европската Унија, изјави...

Македонија6 часа

Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство

Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија...

Македонија6 часа

Ако ДУИ беше опозиција пред десет години, и тогаш ќе го имавме овој изборен резултат, тие немаа можност за злоупотреби, вели Алиу

Граѓаните во нашата земја десет години сакаа промена на политичкиот амбиент и ако ДУИ пред десет години беше опозиција, ќе...

Македонија8 часа

Го тепал со метална шипка, со рацете и со нозете речиси половина час, па го оставил да искрвави на скалите: eден осомничен за убиство во дојранско Сретеново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Економија8 часа

Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел

Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на...

Македонија8 часа

(Фото) Гаши се сретна со досегашните претседатели на Собранието: Организирањето вакви средби за размена на искуства и мислења ќе бидат од големо значење

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, организира средба на која беа поканети досегашните претседатели на Собранието. Средбата...

Топ9 часа

(Фото) Пронајдена дрога во возило во Тетовско, двајца уапсени

Вчера во 21:00 часот на регионален пат Тетово – Скопје, на влез за село Желино, тетовско, полициски службеници од Полициската...

Македонија9 часа

Герасимовски: Во следните денови поставуваме мерачи за бучава на 30 локации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутираа за проектите што е предвидено да се...

Европа10 часа

(Видео) Масовни напади со дронови во Русија: една од најголемите рафинерии во пламен

Ноќеска, украински беспилотни летала нападнаа голем број индустриски и енергетски објекти длабоко на руска територија предизвикувајќи пожари во рафинерии и...

Европа11 часа

(Видео) Украинец преживеал некои од најжестоките битки во војната: убиен на церемонијата на доделување медали

Елитниот украински пилот на беспилотни летала Володимир Свјатненко, познат по неговиот повикувачки знак „Знахар“, кој преживеал некои од најжестоките битки,...

Свет11 часа

Кина спроведува најголемо воено засилување во светот, тврдат Австралијците

Работата на австралиските одбранбени сили за заштита на поморските трговски патишта, вклучително и оние низ Јужното Кинеско Море, станува сè...

Регион12 часа

Вучиќ: Знаеме дека двајца снајперисти се во Белград, не можеме да ги најдеме веќе три дена

Српскиот претседател Александар Вучиќ, гостувајќи во емисија на домашен медиум, изјави дека обоената револуција не успеала. Тој тврди дека блокадерите...

Свет12 часа

Блокадата на владата ја остави Америка без контролори на летање: летовите одложени со часови

Повеќе од 3,2 милиони американски патници се соочуваат со одложувања и откажувања на летови, бидејќи отсуствата на контролорите на летање...

Европа13 часа

(Видео) Работник спасен од урната средновековна кула во Рим по 11 часа, починал во болница

Работникот кој беше заробен под урнатините на кулата Торе деи Конти во центарот на Рим повеќе од 11 часа почина...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори

Државната изборна комисија попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори. Гласањето како што информираше претседателот...

Топ1 ден

Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје. Тој околу 12:30 часот...

Македонија1 ден

За вакцинација против сезонскиот грип досега пријавени над 76 илјади граѓани, почна и вакцинацијата со комерцијалните вакцини за 700 денари

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонскиот грип за ризичните категории населени досега се пријавени над 76 илјади...