Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Земјава е пред економски колапс

Република Македонија е пред целосен економски колапс, а за тоа виновни се СДСМ и Зоран Заев.СДСМ и Заев единствено водат грижа за личните криминални бизнис тендери, но не и за развој на економијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев, Тевдовски и Анѓушев ја уништија македонската економија. 2018 година Република Македонија имаше најнизок раст на БДП и во Регионот и во Европа. Тоа пред се се должи на нивната неспособност и неработење. Вкупниот раст за 2017 и 2018 година во време на владеењето на Заев економијата во Македонија пораснала само за 2,05%.
,,Реализацијата на капиталните инвестиции лани не мрдна од 50%, а годинава ја почнавме со 1,09% што покажува дека не се градат патишта, училишта, болници, детски градинки и други проекти кои се од интерес на граѓаните.СДСМ и Заев не се способни да го реализираат ниту тоа што самите тие го ветиле.Особено загрижува падот од 12,6% на ИТ индустријата која се должи на погрешните економски политики и даночните оптоварувања кои ги прави оваа власт.
Но, на сметка на ова Заев секој месец ги задолжува граѓаните на Република Македонија. За само две години колку што се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра, со што тој надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП. Додека долгот рапидно расте, економијата тоне. Според податоците на Државниот завод за статистика извозот во јануари оваа година е за 1.9% помал од извозот во јануари минатата година, додека увозот за истиот период е поголем за 1.4%. За жал граѓаните живеат во беда и сиромаштија поради неспособноста на криминалната влада на Заев и СДСМ.
СДСМ нема капацитет да ја води државата. СДСМ мора да си замине. Победата на претседателските избори е клучна причина за распишување на предвремени парламентарни избори, кои ќе значат пад на оваа ненародна и расипничка влада”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.