Контакт

Соопштенија

ВМРО- ДПМНЕ контра Анѓушев околу субвенционирање на електрична енергија произведена од фотоволтаични електрани

Објавено пред

Дрвото кога е криво насадено, ќе продолжи да расне криво.Најновиот доказ за тоа е т.н. државно субвенционирање на електрична енергија произведена од фотоволтаични електрани. Дрвото е криво насадено уште во самиот закон за енергетика, каде што е предвидено ова производство да биде субвенционирано од државата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, ваквиот принцип на поттикнување на производство на електрична енергија е крајно проблематичен поради следните причини: Прво, оптоварување на сите граѓани на со скриен трошок кој нема да се види во сметките на електрична енергија, туку ќе биде директен товар на буџетот, кој повторно го полнат граѓаните. Според Член 11 од Уредба за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија, планот е буџетот да се оптоварува во временски период од 15 години. Значи цели 15 години сите ќе ги плаќаме овие субвенции, независно од тоа дали и колку трошиме електрична енергија.

,,Второ, самиот концепт на премиуми е далеку од концептот на либерализирани пазари на електрична енергија. Со овој концепт се стимулира производството со дополнителни средства, независно од моменталната пазарна цена на електричната енергија. Воопшто не e нереална ситуацијата државата да одвојува дополнителни средства за производство во периоди на висока цена на берзите на електрична енергија. Почитувани, замислете дека при цена од повеќе од 100 евра по мегават час на пазарите на електрична енергија, државата дополнително ќе дава средства на овој производител иако истиот веќе ја продал по релативно висока цена. Да, вистина е тоа што тврди вицепремиерот, дека целиот свет субвенционира производство на електрична енергија од обновливи извори, но заборави да каже дека целиот свет се обидува тоа да го направи на паметен начин, притоа доближувајќи ги овие производители до пазарните принципи. Пример за тоа се т.н. ,,Договори за разлика” кој се применува во Велика Британија, при кои повластениот производител добива субвенција за разликата помеѓу постигнатата цена на пазарот на електрична енергија и таа што е определена со премијата, односно разликата меѓу извршната и пазарната цена им овозможува на производителите да ги повратат дополнителните трошоци кои се поврзани со примена на дадена технологија”, се вели во реакцијата.

Во неа се додава дека најавата за откуп на електричната енергија од државата е тотално нејасна и збунувачка, ако се има фактот дека е планирано овие производители да ја продаваат електричната енергија по пазарна цена. Се поставува прашањето кој ќе ја откупува оваа електрична енергија и по која цена?

,,Четврто, кој ќе биде одговорен за отстапувањето на производството или популарно наречените дебаланси, односно трошоците кои АД МЕПСО ќе ги направи за порамнување на отстапувањата? Дали трошокот ќе го плаќа производителот или повторно сите ќе бидеме изложени на солидарна одговорност? Петто, на кого ќе падне трошокот за опремување државното земјиште и наменето за изградба на овие производствени капацитети обезбедувањето приклучоци на соодветната мрежа ? Сведоци сме на уште една брзоплето спроведена реформа која може да донесе штета со несогледиви последици. За жал, сведоци сме дека позитивните оценки добиени поради целосната либерализација на пазарот на електрична енергија секојдневно се топат поради дилетантскиот пристап во се што можеше да биде добро, а не е добро подготвено и спроведено од страна на најодговорниот за енергетиката во земјава, вицепремиерот”, се додава во реакцијата.

Соопштенија

Комерцијална банка прогласена за најдобра банка во Македонија за 2025 од магазинот Global Finance

Објавено пред

Во годината кога одбележуваме значаен јубилеј, 70 години постоење, Комерцијална банка гордо објавува дека е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од угледниот магазин Global Finance. Оваа престижна награда Банката ја добива по 14-ти пат, што е уште една потврда за нејзиниот континуиран развој, стабилност, иновации, грижа за клиентите и придонес за економијата.

dobivaj vesti na viber

Со оваа награда Банката се истакнува со својата посветеност на потребите на клиентите во услови на динамичност на пазарите и со своите силни резултати кои претставуваат темел и за иден успех.

„Признанието од Global Finance, особено во оваа јубилејна година, претставува силна потврда за нашето одржливо и успешно работење. Горди сме што сме препознаени како банка која создава вредност, покажува одговорност и има јасна визија за иднината. Оваа награда е резултат на посветената работа на целиот наш тим и на тоа што постојано се стремиме да ги подобриме производите и услугите и да се прилагодиме на современите потреби на граѓаните и на компаниите“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Со оваа награда Комерцијална банка повторно е во друштво на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 32-то издание на годишните награди на Global Finance.

„Глобалното банкарство продолжува да се прилагодува и да се развива, одговарајќи на предизвиците и капитализирајќи ги можностите со издржливост и иновации. Вештачката интелигенција брзо презеде клучна улога во трансформацијата на банкарството и нејзиниот развој ветува дека ќе го преобликува финансискиот сектор со невидено темпо. Наградата на Global Finance за најдобра банка им оддава чест на финансиските институции кои се истакнуваат со диверзитет во понудата, долгорочна стабилност и технолошки иновации“, изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.

При изборот на најдобрите банки, Global Finance ги разгледа квантитативните фактори, како што се раст на активата, профитабилност, стратешки односи, развој на нови бизниси и иновации во производи, како и мислењата на финансиски аналитичари, финансиски директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет. Наградите од Магазинот Global Finance се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

Континуираните признанија што Комерцијална банка ги добива од водечки светски магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance, нѐ мотивираат и во иднина да го движиме банкарството напред – преку нови идеи, современи решенија и стабилен развој, со што ги носиме придобивките до секој клиент и до целото општество.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

PEUGEOT 3008 и OPEL GRANDLAND најпосакувани автомобили во Македонија за 2025 година

Објавено пред

Од компанијата Еуроимпекс, која годинава одбележува 35 години постоење, известуваат дека им претставува огромна чест што повторно модели од нивните автомобилски брендови се наградени со признанието „Златно Тркало“!

dobivaj vesti na viber

Имено оваа година, на шестото издание на оваа манифестација брендот Peugeot и брендот Opel, за кои компанијата Еуроимпекс е долгогодишен застапник, се здобија со две награди/признанија во две различни категории.

  • Новиот Peugeot 3008 е прогласен за најпосакуван електрифициран автомобил
  • Новиот Opel Grandland е прогласен за најпосакуван семеен автомобил

И двата модели заслужено и очекувано ги добија овие признанија и беа препознаени од широката јавност како најпосакувани автомобили во своите категории за 2025 година.

Peugeot 3008 се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Porsche Macan, Nissan Qashqai, Renault Rafale и Lync & Co 01.

Opel Grandland се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Baic X55, Dacia Duster, Ford Kuga, Geely Starray, Lync & Co 01 и Haval Dargo.

„Им честитаме на сите победници и на организаторите на настанот. Сме кажале и претходно, ќе кажеме и повторно: вакви награди и признанија кои се наши – македонски, посебно ни се драги и ни претставува огромна чест да ги примиме. За нас се тие од огромна важност, меѓудругото и поради тоа што ние сме првата приватна македонска компанија во автомобилската индустрија. Таа емотивна нишка веќе 35 години нѐ поврзува со нашите национални – македонски признанија и особено ни значи препознатливоста кај македонската јавност. Со ова ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење со Новиот Peugeot 3008 и Новиот Opel Grandland и да се запознаат одблиску со победниците од двата бренда“ – Изјави Ана Јовановска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Алкалоид“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа меморандум за соработка

Објавено пред

Меморандумот се однесува на реализацијата на заеднички проекти за стручноапликативни и научноистражувачки работи, а во фокусот ќе биде имплементацијата на одржливи фармацевтски пакувања, која ќе се спроведува во неколку фази до 2030 година.

dobivaj vesti na viber

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, Проф. д-р Дејан Мираковски; Деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, Проф. д-р Милка Здравковскa, и Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.

Покрај студиските програми, тековните програми за практикантство, како и соработката на специјалистички трудови и докторски дисертации, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и „Алкалоид“ ќе започнат проект за имплементација на одржливи пакувања за фармацевтските производи на компанијата, кој ќе се одвива во период од 5 години и ќе се спроведува во три фази.

Имено, станува збор за исполнување на сообразноста со новата регулатива на Европската Унија за одржливи пакувања [Packaging and Packaging Waste Regulation (EU) 2025/40 (PPWR)], која стапи во сила на 11 февруари годинава, а со која фармацевтските индустрии се обврзани до 2030 година за своите производи да имаат пакувања кои ќе бидат подготвени за рециклирање, а производите кои нема да имаат таква опција ќе бидат забранети за пласман на пазарите во ЕУ и пошироко. До 2035 година 55% од сите амбалажи во фармацевтската индустрија ќе треба да бидат рециклирачки, а до 2038 година пазарите на Унијата ќе дозволат пласирање само фармацевтски производи чии амбалажи имаат оценки за рециклирање А и Б.

Со оглед на фактот дека фармацевтската индустрија е една од најстрого регулираните индустрии во светот, вклучувањето на академската заедница е еден од неопходните предуслови за поефикасно и целесообразно имплементирање на овој обемен и комплексен проект. Носители на проектите опфатени со Меморандумот за соработка од страна на „Алкалоид“ се Одделот за глобален развој и Одделот за контрола на квалитет, а од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, покрај Ректорот и Деканката на Факултетот за медицински науки, вклучени се и Доцент д-р Ивана Митревска и Асистент Дино Карпичаров како надлежни за целокупната имплементација на активностите. Целта на проектот за одржливи пакувања на фармацевтските производи ќе биде да се минимизира негативното влијание врз животната средина и да се овозможи максимално искористување на ресурсите, што претставува една од главните цели на кружната економија и еден од клучните принципи на политиката за еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), втемелена во корпоративната пракса на „Алкалоид“

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Граѓани со часови се заглавени во подземниот паркинг на ГТЦ оти автоматите за наплата не работат, а службите се отстутни

Вистински хаос се случува попладнево во подземниот паркинг на ГТЦ. Вознемирени граѓани кои се обратија до нашата редакција велат дека...

Македонија9 часа

Во странство се лекуваат 48 повредени од кочанската дискотека, нема планирани исписи за викендов

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот се лекуваат...

Македонија10 часа

(Видео) Стартува „One stop shop“ на граничниот премин Долно Блаце-Елез Хан

На граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Со нова физичка и дигитална...

Економија10 часа

(Видео) Костова: Срамно се редефинира потрошувачката кошничка, папаја за владата – трошки за народот

Скандалозни се последните најави на Владата со кои сака да ги искриви реалните пресметки на потрошувачката кошничка, кажа денеска на...

Македонија11 часа

(Видео) Манасиевски: Системот на Венко Филипче го урниса здравството

Венко Филипче ја постави Пановска за директор за да дава тендери на татко и, тој нема кредибилитет, да си поднесе...

Македонија11 часа

(Видео) Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска...

Македонија12 часа

Во тек е акција за апсење на повеќе лица во рамки на истрагата за пожарот во Кочани

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на...

Регион13 часа

(Видео) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ

Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале...

Регион13 часа

Паралелни собири во Србија: студентите во Нови Пазар, власта во Белград

Во Србија денеска ќе се одржат два паралелни собири – еден во организација на студентите и друг во организација на...

Македонија14 часа

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

СДСМ бара итна и целосна истрага за скандалот на Кардиохирургија и утврдување на одговорност за последниот смртен случај каде пациент...

Македонија14 часа

Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум (ADF2025), што се...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев, младиот живот изгубен на пешачки од несовесен возач вреди две години, а за ќебапи пет години затвор

Седумгодишното владеење на СДС и ДУИ остави трајни последици во функционирањето на системот. Постепено и систематски тие ја уништуваа секоја...

Македонија15 часа

Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Според информациите од УХМР, ќе дува умерен, а долж Повардарието...

Македонија1 ден

Обвинителството бара да се продолжи притворот на осомничените за пожарот во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани побара од Судот да се продолжи притворот за сите осомничени во истрагата за пожарот во дискотеката...

Македонија1 ден

Седум пациенти денес се враќаат од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и...

Македонија1 ден

Општина Ѓорче Петров до инвеститорот кој урна ѕид на соседна зграда: Веднаш да се прекине изградбата на објектот

Овластен градежен инспектор од Општина Ѓорче Петров извршил вонреден инспекциски надзор и увид на местото каде ѕид меѓу вториот и...

Македонија1 ден

Вработените во штипскиот затвор со поинаква верзија за дрогата, за полицијата и за кучката Цеца

Група вработени лица во штипскиот затвор реагираа со демант на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов,...

Македонија1 ден

(Видео) Апсења во фабрика за канабис, најдени сомнителни буриња

Извршени се претрес и вонредна контрола во фирма во Гостивар, која поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели. Фирмата...

Македонија1 ден

Обвинителите го прашуваат таткото на Вања зошто бил невработен и каков ученик бил: „Со Шекеринска бевме првенци на генерацијата“

Во судот денес сведочи Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој одговара на прашањата на обвинителите. Во испитувањето се осврнаа...

Македонија2 дена

„Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС е препознатлив единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го...