Македонија
Мицкоски пристигна на средба со Заев во Владата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски точно во 20 часот пристигна на закажаната средба со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во Владата. Заев и Мицкоски вечерва повторно ќе седнат на заедничка маса по речиси девет месеци. Престојните претседателски избори, законите од реформската агенда, како и иднината на СЈО ќе бидат во главни теми на разговор помеѓу двајцата лидери. Додека премиерот очекува фокусот да биде ставен на претседателските избори и евроинтеграцискиот процес на земјава, опозиционерот Мицкоски најави дека ќе се разговара и за политичкиот прогон, а ќе се отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.

Средбата ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ откако Владата ги усвои законските измени за специјалното јавно обвинителство . За усвојување на измените во Собранието е неопходно двотретинско мнозинство кое може да биде обезбедено доколку за нив гласаат и пратениците од опозицијата. Токму иднината на СЈО се очекува да биде една од главните теми на разговор вечерва.

На средбата не се поканети лидерите на албанските партии. „Оваа средба не е од формат за кои е потребно присуството на сите лидери од сите политички партии. Важно е да зборуваме за интеграциските процеси и да направиме се што можеме во јули да го добиеме датумот за преговори. За ова ќе разговарам со лидерот на опозицијата затоа што верувам во заедничките одговорности“, изјави вчера Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

