Забава
Косата му е заштитен знак, но момчето модел сака да биде свое

Фарук Џејмс е седумгодишно момче кое сака видеоигри, танц, фудбал, рагби и моделство. Единственото необично нешто на него е неговата афро-долга коса. Мама Бони, која се грижи за неговата кариера на модел, му ја средува косата на Фарук неколкупати на ден трошејќи половина шише регенератор за едно расчешлување.
Но, тоа не ѝ е тешко бидејќи благодарение на постарите деца, кои се исто така од мешан брак, таа има искуство со таква коса. Единственото нешто што ѝ пречи е што на луѓето сѐ уште им е чудно да видат момче со толку долга коса, но Фарук не дозволува да му ја скратат косата.
Како што растеле и Фарук и косата, се разбира, таа почнала да се спушта надолу, па момчето почнало да ја губи работата во моделството и на неговата мајка ѝ рекле дека мора да му ја потстриже косата ако сака Фарук да има работа во модната индустрија бидејќи премногу личи на девојче.
Но, за среќа, има компании што Фарук го сакаат токму таков каков што е, кои бараат токму таков изглед, така што денес тој работи за нив, но во исто време испраќа порака до сите дека не треба да се менуваме кога тоа од нас го бара општеството и дека е во ред да се биде поинаков.
Бони се грижи за кариерата на Фарук, па ги избира само оние снимања каде што имаат разбирање дека тој е дете, така што не ги организира во текот на неделата.
Фарук веќе заработи огромна сума пари, а Бони вели дека ги става во неговиот фонд за школување за да може еден ден тој самиот да одлучи што ќе прави и како тие пари може да му помогнат. Тој сè уште не е сигурен дали сака да биде фудбалер, модел или банкар.
„Ние не се обидуваме да заработиме многу пари со моделство или нешто слично, поентата на оваа работа е во тоа што му го збогатува животот, се запознава со разни луѓе, одиме на патувања и тој се сретнува со други деца што се занимаваат со оваа работа. Фарук е дете што ќе даде сè за да им помогне на другите, и што е најважно, тој не сака да биде совршен или да се стреми кон нешто што не е. Тој навистина ужива во она што е“, заклучува мајката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте го овој зелен пијалок

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, нижи успеси на теренот, па по финалето на Ролан Гарос одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво и прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен кој претходно живеел во Бразил.
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримство и одлична клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
Во серија фотографии од нејзиниот одмор, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува такви фотографии.
Забава
(Фото) Кралицата Летиција го носи најубавиот летен фустан

Кралицата Летиција од Шпанија е вистински синоним за совршена елеганција. Без разлика кое годишно време е, таа знае како да доминира.
Неодамна таа воодушеви со својот избор на пролетна облека, а сега можеме со сигурност да кажеме дека има и совршена летна облека за сите пригоди.
Летиција блескаше во миди бел фустан без ракави со висока јака. Материјалот беше особено впечатлив поради својата текстура, а кралицата додаде црн ремен за да ја истакне нејзината зачудувачка фигура.
Едноставни црни чевли со отворена потпетица беа нејзин избор овој пат и повторно Летиција не направи ни најмала грешка.
Таа додаде пар висечки обетки и многу лесна шминка, истакнувајќи ја својата природна убавина.