Контакт

Македонија

Реконструкција на улицата Брадфордска во населбата Козле

Објавено пред

Екипите на Град Скопје работат на реконструкција на улицата Брадфордска во Козле – општина Карпош, која ќе се обнови на вкупна должина од 200 метри на потегот од крстосницата со булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов до крстосницата со улицата Козле.

dobivaj vesti na viber

На терен ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозот со вкупна површина од 2.500 квадратни метри, како и тротоарска површина од 273 квадратни метри. Градоначалникот Шилегов денеска изврши увид во градежните работи на оваа улица, која речиси секојдневно ја користат граѓаните што живеат или работат на територијата на Карпош и околината.

„Град Скопје со почетокот на градежната сезона ги интензивира градежните активности на градските сообраќајници. Се наоѓаме на улицата Брадфордска, која веќе десет години е раскопана и со денивелација на шахтите и е голем проблем за скопјани. Овде во практика може да се види и новиот комунален ред што го воспостави Град Скопје, а тоа е компаниите на отворен повик да се пријават за извршување прекопи бидејќи потоа нема да биде дозволено. Очекувам во наредните денови да се интензивираат градежните активности и до крајот на месецот да имаме целосно реконструирана и побезбедена улица за сите учесници во сообраќајот“, рече Шилегов и додаде дека поради градежните активности, на улицата ќе биде воведен привремен режим на сообраќај.

Тој истака дека Град Скопје со интензивната градежната сезона ќе продолжи и во наредниот период со реконструкција и проширување на повеќе булевари и улици.

Македонија

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Објавено пред

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево.

dobivaj vesti na viber

Согласно препораките од Државниот инспекторат за животна средина, се преземаат следните активности:

• До Институтот за јавно здравје е доставено барање за извршување на анализа на вода од бунари што ги користат домаќинствата во непосредна близина на опожарениот магацин;

• Министерството за животна средина и просторно планирање издаде забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот;

• Во наредните 7 дена, акредитирана лабораторија ќе врши 24/7 мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух;

• До Основното општинско училиште „Крум Тошев“ во Трубарево е испратена препорака за ограничување на движењето на учениците на отворен простор сè до стабилизирање на состојбата.

Апелираме до граѓаните внимателно да ги следат официјалните соопштенија и да ги почитуваат насоките од надлежните институции со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бујар Османи: Изет Меџити мора да си поднесе оставка

Објавено пред

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска упати остри критики до актуелниот министер за животна средина Изет Меџити, обвинувајќи го дека не само што ги користи државните ресурси за сопствена кампања, туку и директно го загрозува здравјето на граѓаните со својата неактивност.

dobivaj vesti na viber

„Двапати размислував дали денес треба политички да зборувам. Но не можам да не кажам: најпрво, сметам дека тој требаше да поднесе оставка уште истиот ден кога се кандидираше, за да биде натпреварот еднаков“, изјави Османи.

Тој потенцира дека Изет Меџити, наместо да ја напушти функцијата кога влезе во изборна трка, остана министер со полн капацитет и буџет на располагање, нешто што, според Османи, е длабоко неморално и нефер.

„Се кандидира со платата на министер и прави кампања во Чаир со ресурсите на министерството“, предупреди Османи.

Но, Османи додаде дека сега постои уште посериозна причина за оставка, неспособноста да се справи со еколошка и здравствена криза каква што се случи вчера во Трубарево, кога цело Скопје беше обвиено со токсичен чад од горење на пластика и кабли.

„Со тоа што не ја врши работата за која е платен од граѓаните, и обидувајќи се политички да преживее, тој го загрозува здравјето на луѓето и тоа не само привремено, туку со долгорочни последици“, нагласи Османи.

Во ситуација кога јавноста со право очекуваше реакција, инструкции и информации од Министерството за животна средина, Изет Меџити не се појави ниту пред јавноста, ниту на терен, додека граѓаните во Трубарево мораа да се евакуираат доцна во ноќта, а целиот град се задушуваше во отровен чад.

„Затоа ова е и повик за неговата оставка“, заклучи Османи. „Тој покажа дека не ја врши својата работа како што треба, го загрозува здравјето на луѓето, а притоа ги злоупотребил државните ресурси за изборна кампања.“

Прикажи повеќе...

Македонија

Митева: Нема лица од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука

Објавено пред

Иако Центарот за обука на МВР беше отстапен за сместување на жителите од Трубарево кои живеат во близина на складиштето за електронски отпад каде што вчера избувна пожар, до денес таму нема доброволно евакуирани граѓани.

dobivaj vesti na viber

Информацијата ја потврди портпаролката на Владата, Марија Митева, на прес-конференција.

„Во делот на евакуацијата, пред почетокот на прес-конференцијата разговарав со министерот за внатрешни работи и информациите коишто ги добив се дека нема лица кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука. Дали е состојбата променета во овие час и половина, немам информација“, рече Митева.

Министерот Панче Тошковски синоќа им препорача на оние кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови, повикувајќи се на мерења на квалитетот на воздухот кои покажале дека во непосредна близина до 150 метри од опожарените складишта има високо ниво на штетни супстанци и состојбата се смета за високоризична.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот...

Македонија51 минута

Денес ќе бидат објавени резултатите од мерењата на воздухот, кажа Меџити прашан кога ќе се знае што дише населението

Министерот за животна средина и вицепремиер, Изет Меџити, на прес-конференција во Владата информира дека за следење на состојбата со воздухот...

Македонија1 час

Четворица повредени во пожарот во Трубарево – се чекаат детали од Министерството за здравство

Четири лица се здобиле со повреди во пожарот што вчера избувна во компанијата „Ф-Групација“ во Трубарево, која се занимава со...

Македонија2 часа

Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија...

Топ3 часа

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...

Македонија4 часа

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет5 часа

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија5 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: фирмата има дозвола за работа, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија14 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија15 часа

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија17 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија18 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија18 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија20 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија22 часа

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија22 часа

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија23 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет1 ден

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија1 ден

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...