Свет
Опозицијата во Венецуела го обвини Мадуро за загинатите во прекинот на електрична енергија
Седумнаесет лица загинаа во големиот прекин на електричната енергија во Венецуела за кои водачот на опозицијата, Хуан Гваидо, тврди дека се убиени од страна на владата на претседателот Никола Мадуро.
Гваидо во неделата изјави дека голем дел од земјата и понатаму останува без електрична енергија додавајќи дека приватниот сектор изгубил најмалку 400 милиони долари поради прекинот.
Мината недела над 70 отсто од Венецуела остана без електрична енергија, а властите предупредуваат дека како резултата на тоа болниците се изложени на ризик.
„Венецуела доживеа вистински колапс“, изјави Гваидо во неделата за Си-ен-ен. „Болниците немаат електрична енергија. Ова беа најдобрите болници во земјата. Ако ова се случува во главниот град, како ли е на километри оттука, во внатрешноста на Венецуела, каде што има многу малку нафта и периодични прекини на електричната енергија, без основни средства за живеење и неефикасен јавен превоз? Слободно можеме да кажеме дека Венецуела веќе доживеа колапс“.
Гваидо додаде и дека опозицијата регистрирала 17 убиства за време на прекинот на електрична енергија.
Мадуро ги обвини САД за ситуацијата велејќи им на своите поддржувачи дека електричната мрежа на Венецуела била саботирана. САД, пак, го припишаа прекинот на електрична енергија на неспособноста на режимот на Мадуро.
Гваидо рече дека обвинувањата на владата на Мадуро за сајбер-напади од страна на Америка се апсурдни. Тој додаде дека главната централа на Венецуела е полна со застарени аналогни машини, кои не се поврзани со која било мрежа.
„Се наоѓаме во една катастрофа, која не е резултат на ураган, ниту на цунами“, рече тој. „Таа е производ на неефикасноста, неспособноста и корупцијата на режимот кој не се грижи за животот на граѓаните на Венецуела“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

