Свет
Илјадници Руси протестираа против интернет-ограничувањата
Илјадници луѓе во неделата излегоа на улиците на Москва и два други града во Русија за да протестираат против построгите интернет-ограничувања што владата ги најави минатиот месец.
Пратениците минатиот месец ја поддржаа легислативата со која се наложуваат построги интернет-контроли за кои тие велат дека се неопходни за да се спречи мешањето на други држави во руските политики. Но, некои руски медиуми ја споредија одлуката со онлајн-железна завеса, а критичарите велат дека тоа може да се искористи за да се задуши несогласувањето со владините политики.
Демонстрантите држеа говори и извикуваа слогани, како што се: „Оставете го интернетот“ и „’Не’ за изолација, престанете да го расипувате рускиот интернет“.
Според една невладина организација, на протестите се собраа околу 15.000 луѓе, а московската полиција рече дека оваа бројка изнесува околу 6.500.
„Ако не направиме ништо, ситуацијата ќе се влоши. Властите ќе продолжат да се движат по својот пат и ќе ја преминеме онаа точка од каде што нема враќање“, изјави еден од демонстрантите.
Активистите на опозицијата на „Твитер“ објавија дека полицијата уапсила 15 лица на протестот во Москва конфискувајќи им ги банерите и балоните. Полицијата не најави притвор за ниту еден од нив.
Во последните неколку години Русија прави напори да ја намали интернет-слободата на корисниците преку блокирање на пристапот до одредени веб-страници и сервиси за пораки, како што е „Телеграм“.
Со новата легислатива рускиот интернет-сообраќај и податоците би се пренасочувале кон мрежни точки контролирани од државата, а предлага и создавање национален доменски именски систем (ДНС) за да се овозможи функционирање на интернетот дури и ако земјата е отсечена од странска инфраструктура.
Легислативата е дел од напорите на властите да ја зголемат руската контрола врз својот интернет-сообраќај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

