Македонија
(Видео) Трипуновски: СДСМ го клекна земјоделството на колена
СДСМ го клекна земјоделството на колена. Две години по ред земјоделството е во константен пад. Според официјалните податоци на ДЗС, секторот земјоделство, шумарство и водостопанство во 2018 година во однос на 2017 година бележи пад од 5%, откако и во 2017 во споредбено со 2016 година падна за 13.5%. Потенцирам и во 2017 и 2018 година имаме пад во земјоделскиот сектор во земјава, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, сè повеќе ниви низ државава остануваат необработени. Земјоделците се разочаруваат од лошите политики на власта во овој сектор и сè помалку се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство.
„Република Македонија од држава извозник на земјоделски култури, постепено станува увозно зависна. Исто така согласно податоците на ДЗС, во 2018 година во однос на 2017 година извозот е намален за 3.7%, додека за истиот период увозот на земјоделските производи е зголемен за 1.1%. На терен ситуацијата е поразителна. Земјоделските производи не се откупуваат и не се извезуваат, а истовремено увозната зависност од храна се зголемува.
Земјоделците изгубија надеж. СДСМ две години по ред не обезбеди пласман за земјоделските култури. Илјадници тони земјоделски производи скапаа по нивите и магацините на земјоделците. Голем број семејства чија единствена егзистенција е извор земјоделието останаа без предвидените примања. Ваквата ситуација ја доведе во прашање и претстојната земјоделска сезона. СДСМ е директниот и единствен виновник за земјоделскиот егзодус кој ѝ се случува на Република Македонија изминативе две години.Денешниве презентирани бројки преземени од официјална државна институција се уште еден показател дека Николовски и Заев две години не направија ништо за земјоделието во Република Македонија. СДСМ нема легитимитет да зборува за земјоделие. СДСМ мора да си замине. Победата на Гордана Силјановска-Давкова ќе биде причина за предвремени парламентарни избори, кои ќе значат крај на владеењето СДСМ во Република Македонија”, рече Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

