Соопштенија
СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ пак измислува, постапката во РЕК Битола била отворена и завршила со електронска аукција

Криминалните тендери за лично богатење и договорите во четири очи беа главна одлика на раководењето на РЕК од страна на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно навикнати на таквата пракса, денес ВМРО-ДПМНЕ лаже и измислува непостоечки случаи.Не е точно дека за спомената договорот бил склучен во непосредни разговори, односно во четири очи како што лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, како што јавно објави и РЕК Битола, станува збор за отворена постапка која завршила со електронска аукција каде што критериум била најниска цена. Истовремено, условите и критериумите за набавка на услуга или стока не ги пропишува директорот на РЕК Битола, техничката и комисијата за јавни набавки, составени од стручни лица вработени од РЕК Битола.
„Дополнително, иако неколку пати беше јавно демнатирано дека фирмата ‘СВ инвест’ нема никаков деловен однос, нема никаква поврзаност со братот на премиерот и претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да лаже и да ја манипулира јавноста.Тоа само говори во каков очај е западната антинародната ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одговорното и домаќинско управување со енергетските ресурси и тоа што од држава зависна од увоз на струја, нашата земја денес продава вишоци на струја и затоа постојано има потреба да лаже и измислува”, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
„Окта“ повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС „Детско село“

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско село, донирајќи 6.000 литри екстра лесно масло за греење, со што целосно ќе ги покрие потребите за затоплување на куќата во текот на грејната сезона.
„Ова не е само уште една донација на нашата компанија, туку потврда за нашата долгорочна посветеност и поддршка на заедницата, особено на ранливите категории во неа, која во иднина ќе продолжи преку реализација на значајни и одржливи проекти и донации. Децата се нашата иднина, затоа инвестирањето во подобри услови за нивен раст и развој значи инвестирање во подобро утре за сите“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА .
Младинските куќи на СОС Детско село обезбедуваат постојана грижа и поддршка за млади над 14-годишна возраст, овозможувајќи нивен личен и образовен напредок, како и подготовка за нивниот иден самостоен живот по 18 години. Организацијата им овозможува средина во која можат да се развиваат безбедно и сигурно, со посветена поддршка од стручни лица и воспитувачи.
„Соработката со ОКТА претставува вистински пример за долгорочно партнерство кое носи видливи и суштински резултати. Благодарение на оваа донација, на младите им е обезбедена топлина во домот, овозможувајќи им да се насочат кон своите дневни обврски во школувањето и животот. Нам пак, ваквите донации ни оставаат простор долгорочно да ги планираме нашите активности насочени кон личен развој на младите од оваа ранлива група“, изјави Јулијана Накова Гапо – Национален директор на СОС Детско село.
Како дел од својата стратегија за општествена одговорност, ОКТА континуирано ги поддржува ранливите категории во општеството, стремејќи се да биде активен чинител во создавањето на подобри услови за живот во заедницата. Ова е трета година по ред како ОКТА обезбедува гориво за целосно затоплување на една од младинските куќи во СОС Детско село, а во насока на спроведување на општествено одговорните практики оваа соработка ќе продолжи и ќе се прошири со реализација на повеќе значајни донации и одржливи проекти особено во делот на зелената енергија.
ПР
Соопштенија
Комерцијална банка прогласена за најдобра банка во Македонија за 2025 од магазинот Global Finance

Во годината кога одбележуваме значаен јубилеј, 70 години постоење, Комерцијална банка гордо објавува дека е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од угледниот магазин Global Finance. Оваа престижна награда Банката ја добива по 14-ти пат, што е уште една потврда за нејзиниот континуиран развој, стабилност, иновации, грижа за клиентите и придонес за економијата.
Со оваа награда Банката се истакнува со својата посветеност на потребите на клиентите во услови на динамичност на пазарите и со своите силни резултати кои претставуваат темел и за иден успех.
„Признанието од Global Finance, особено во оваа јубилејна година, претставува силна потврда за нашето одржливо и успешно работење. Горди сме што сме препознаени како банка која создава вредност, покажува одговорност и има јасна визија за иднината. Оваа награда е резултат на посветената работа на целиот наш тим и на тоа што постојано се стремиме да ги подобриме производите и услугите и да се прилагодиме на современите потреби на граѓаните и на компаниите“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Со оваа награда Комерцијална банка повторно е во друштво на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 32-то издание на годишните награди на Global Finance.
„Глобалното банкарство продолжува да се прилагодува и да се развива, одговарајќи на предизвиците и капитализирајќи ги можностите со издржливост и иновации. Вештачката интелигенција брзо презеде клучна улога во трансформацијата на банкарството и нејзиниот развој ветува дека ќе го преобликува финансискиот сектор со невидено темпо. Наградата на Global Finance за најдобра банка им оддава чест на финансиските институции кои се истакнуваат со диверзитет во понудата, долгорочна стабилност и технолошки иновации“, изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.
При изборот на најдобрите банки, Global Finance ги разгледа квантитативните фактори, како што се раст на активата, профитабилност, стратешки односи, развој на нови бизниси и иновации во производи, како и мислењата на финансиски аналитичари, финансиски директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет. Наградите од Магазинот Global Finance се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.
Континуираните признанија што Комерцијална банка ги добива од водечки светски магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance, нѐ мотивираат и во иднина да го движиме банкарството напред – преку нови идеи, современи решенија и стабилен развој, со што ги носиме придобивките до секој клиент и до целото општество.
ПР
Соопштенија
PEUGEOT 3008 и OPEL GRANDLAND најпосакувани автомобили во Македонија за 2025 година

Од компанијата Еуроимпекс, која годинава одбележува 35 години постоење, известуваат дека им претставува огромна чест што повторно модели од нивните автомобилски брендови се наградени со признанието „Златно Тркало“!
Имено оваа година, на шестото издание на оваа манифестација брендот Peugeot и брендот Opel, за кои компанијата Еуроимпекс е долгогодишен застапник, се здобија со две награди/признанија во две различни категории.
- Новиот Peugeot 3008 е прогласен за најпосакуван електрифициран автомобил
- Новиот Opel Grandland е прогласен за најпосакуван семеен автомобил
И двата модели заслужено и очекувано ги добија овие признанија и беа препознаени од широката јавност како најпосакувани автомобили во своите категории за 2025 година.
Peugeot 3008 се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Porsche Macan, Nissan Qashqai, Renault Rafale и Lync & Co 01.
Opel Grandland се натпреваруваше и победи меѓу следниве модели: Baic X55, Dacia Duster, Ford Kuga, Geely Starray, Lync & Co 01 и Haval Dargo.
„Им честитаме на сите победници и на организаторите на настанот. Сме кажале и претходно, ќе кажеме и повторно: вакви награди и признанија кои се наши – македонски, посебно ни се драги и ни претставува огромна чест да ги примиме. За нас се тие од огромна важност, меѓудругото и поради тоа што ние сме првата приватна македонска компанија во автомобилската индустрија. Таа емотивна нишка веќе 35 години нѐ поврзува со нашите национални – македонски признанија и особено ни значи препознатливоста кај македонската јавност. Со ова ги повикуваме сите заинтересирани да закажат тест возење со Новиот Peugeot 3008 и Новиот Opel Grandland и да се запознаат одблиску со победниците од двата бренда“ – Изјави Ана Јовановска, менаџер за медиуми и односи со јавност во Еуроимпекс.
ПР