Македонија
Османи: Западен Балкан партнер на ЕУ во создавањето на заедничката иднина
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи учествуваше на неформалниот министерски состанок на државите кандидати за членство во ЕУ, заедно со министри и државни секретари за европски прашања од земјите – членки на Европската Унија кој се одржа во Букурешт, во рамките на романското претседателство, како една од попатните станици пред големиот Самит посветен на иднината на Европа кој ќе се одржи во Сибиу, Романија на 9. мај.
На состанокот се разговараше за перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, како значен дел во создавањето на европската иднина, а беа разменети и искуства меѓу земјите кандидати од аспект на предизвиците со кои се соочуваат во претпристапниот процес.
„Северна Македонија е успешна приказна на Балканот – земја која нема отворени прашања со соседите, со стабилна внатрешно – политичка и етничка стабилност, која е на сигурен пат да стане 30-та членка на НАТО, а очекуваме и отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија оваа година“, истакна Османи, посочувајќи го овој успех како дел од новиот европски моментум на Балканот, чие интегрирање во ЕУ ќе значи успешност на политика на проширување на ЕУ и ќе придонесе во создавањето на стабилна, безбедна и просперитетна Европа.
Овој состанок е втор во серијата состаноци помеѓу ЕУ и земјите кандидати за членство, по првиот кој се одржа во Виена, а кои се во насока на подготовка на земјите – членки, и земјите – кандидати за членство во Европската Унија, за претстојниот самит во Сибиу, Романија, на кој ќе се утврдуваат смерниците за идниот изглед на Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

