Соопштенија
СДСМ: Нов дебакл на Мицкоски, само 20 пратеници ја поддржаа интерпелацијата за Спасовски

Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл во Собранието, само 20 пратеници ја поддржаа интерепелацијата што по негов налог ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Сè појасно е дека Христијан Мицкоски нема поддржка ниту во сопствената пратеничка група од она што остана од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, тоа е уште една потврда дека интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски беше неоснована. Собранието на Репубила Северна Македонија изгуби уште еден ден поради Христијан Мицкоски, наместо сите пратеници да се посветат на реформските закони, на законските решенија што носат придобивки за граѓаните и државата“, велат од партијата.
Јасна е разликата, додаваат од СДСМ, од една страна, се СДСМ и мнозинството што работат на спроведување на реформите, на напредокот, на подобрување на животот на граѓаните, а од друга, се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои немаат идеја, план, ниту визија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Роденденски подарок со „Титаниум“ на Државна лотарија за Лидија од Скопје

Во семејството на добитници на инстант лотарија добивме нов член. Лидија Перовиќ (83) од Скопје, е среќната добитничка на автомобил ford focus од првата серија на инстант лозот „Титаниум“. Ние ѝ приредивме незаборавно роденденско изненадување, со доделување на автомобилот токму на нејзинот 83-ти роденден.
За Лидија оваа добивка е сосема неочекувана. Иако досега добивала само помали парични износи, сепак, никогаш не се откажала од потрагата по среќните добивки и забавата што инстант лозовите ја нудат. Овојпат „титаниумската“ среќа ја пронајде Лидија, носејќи ѝ ја најубавата роденденска честитка.
Таа ни кажа дека оваа добивка со радост ќе му ја отстапи на својот внук.
Добитниот инстант лоз го купила од продажното место на Државна лотарија во Skopje City Mall, каде што често уплаќа и Лото 7 при дневните прошетки.
Инстант лотаријата на Државна лотарија досега, ширум Македонија, подели над 200 автомобили од различни инстант лозови. Добивката на Лидија Перовиќ е втора од инстант лозот „Титаниум“, по првата доделена во Штип на Радица Станкова. Пролетта ја започнавме со добивки, со нетрпение очекуваме да ја споделиме со Вас, следната среќна вест.
ПР
Соопштенија
„Окта“ повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС „Детско село“

И оваа година, ОКТА АД – Скопје ја продолжува својата поддршка за младинците згрижени во младинската куќа на СОС Детско село, донирајќи 6.000 литри екстра лесно масло за греење, со што целосно ќе ги покрие потребите за затоплување на куќата во текот на грејната сезона.
„Ова не е само уште една донација на нашата компанија, туку потврда за нашата долгорочна посветеност и поддршка на заедницата, особено на ранливите категории во неа, која во иднина ќе продолжи преку реализација на значајни и одржливи проекти и донации. Децата се нашата иднина, затоа инвестирањето во подобри услови за нивен раст и развој значи инвестирање во подобро утре за сите“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА .
Младинските куќи на СОС Детско село обезбедуваат постојана грижа и поддршка за млади над 14-годишна возраст, овозможувајќи нивен личен и образовен напредок, како и подготовка за нивниот иден самостоен живот по 18 години. Организацијата им овозможува средина во која можат да се развиваат безбедно и сигурно, со посветена поддршка од стручни лица и воспитувачи.
„Соработката со ОКТА претставува вистински пример за долгорочно партнерство кое носи видливи и суштински резултати. Благодарение на оваа донација, на младите им е обезбедена топлина во домот, овозможувајќи им да се насочат кон своите дневни обврски во школувањето и животот. Нам пак, ваквите донации ни оставаат простор долгорочно да ги планираме нашите активности насочени кон личен развој на младите од оваа ранлива група“, изјави Јулијана Накова Гапо – Национален директор на СОС Детско село.
Како дел од својата стратегија за општествена одговорност, ОКТА континуирано ги поддржува ранливите категории во општеството, стремејќи се да биде активен чинител во создавањето на подобри услови за живот во заедницата. Ова е трета година по ред како ОКТА обезбедува гориво за целосно затоплување на една од младинските куќи во СОС Детско село, а во насока на спроведување на општествено одговорните практики оваа соработка ќе продолжи и ќе се прошири со реализација на повеќе значајни донации и одржливи проекти особено во делот на зелената енергија.
ПР
Соопштенија
Комерцијална банка прогласена за најдобра банка во Македонија за 2025 од магазинот Global Finance

Во годината кога одбележуваме значаен јубилеј, 70 години постоење, Комерцијална банка гордо објавува дека е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од угледниот магазин Global Finance. Оваа престижна награда Банката ја добива по 14-ти пат, што е уште една потврда за нејзиниот континуиран развој, стабилност, иновации, грижа за клиентите и придонес за економијата.
Со оваа награда Банката се истакнува со својата посветеност на потребите на клиентите во услови на динамичност на пазарите и со своите силни резултати кои претставуваат темел и за иден успех.
„Признанието од Global Finance, особено во оваа јубилејна година, претставува силна потврда за нашето одржливо и успешно работење. Горди сме што сме препознаени како банка која создава вредност, покажува одговорност и има јасна визија за иднината. Оваа награда е резултат на посветената работа на целиот наш тим и на тоа што постојано се стремиме да ги подобриме производите и услугите и да се прилагодиме на современите потреби на граѓаните и на компаниите“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Со оваа награда Комерцијална банка повторно е во друштво на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 32-то издание на годишните награди на Global Finance.
„Глобалното банкарство продолжува да се прилагодува и да се развива, одговарајќи на предизвиците и капитализирајќи ги можностите со издржливост и иновации. Вештачката интелигенција брзо презеде клучна улога во трансформацијата на банкарството и нејзиниот развој ветува дека ќе го преобликува финансискиот сектор со невидено темпо. Наградата на Global Finance за најдобра банка им оддава чест на финансиските институции кои се истакнуваат со диверзитет во понудата, долгорочна стабилност и технолошки иновации“, изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.
При изборот на најдобрите банки, Global Finance ги разгледа квантитативните фактори, како што се раст на активата, профитабилност, стратешки односи, развој на нови бизниси и иновации во производи, како и мислењата на финансиски аналитичари, финансиски директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет. Наградите од Магазинот Global Finance се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.
Континуираните признанија што Комерцијална банка ги добива од водечки светски магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance, нѐ мотивираат и во иднина да го движиме банкарството напред – преку нови идеи, современи решенија и стабилен развој, со што ги носиме придобивките до секој клиент и до целото општество.
ПР