Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Струмичко
Во регионот на струмичкото село Мокриево, на крстосница од регионалниот пат меѓу селата Куклиш и Банско, во попладневните часови на 12 март се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил.
Како што информираат од МВР, во незгодата учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од 59-годишен струмичанец, и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од 30-годишник од селото Мокрино.
Тешки телесни повреди добил мотоциклистот, кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Струмица, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Познат идентитетот на скопјанецот кој ноќеска загина во сообраќајка на патот Штип -Кочани
Познат е идентитетот на мажот кој ноќеска загина во сообраќајна несреќа на патот Штип -Кочани.
– На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците, И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, информираа од полицијата.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Охрид
Вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Синоќа во 19.15 часот во СВР – Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.
Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.
Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.