Економија
Тест-возење со новото „пежо 508“ и претставување на новиот продажно-сервисен салон
Автомобилските експерти од земјава завчера, 13 март, имаа можност да го тестираат радикалниот лав – новиот „Пежо 508“.
Еуроимпекс, во улога на генерален увзозник го претстави најновиот модел во гамата во 4 различни верзии, различни мотори и ниво на опременост:
1. Peugeot 508 Allure 2.0BlueHDI 160 EAT8
2. Peugeot 508 Allure 1.6PureTech 180 EAT8
3. Peugeot 508 GT-line 2.0BlueHDI 180 EAT8
4. Peugeot 508 GT 1.6PureTech 225 EAT8

Присутните лица на тест возењето имаа можност да се запознаат одблиску со моќните перформанси на овие мотори и да ги истестираат на асвалтот.
Новиот „Пежо 508“ се покажа како одличен домаќин и ги потврди очекувањата. Со својата ниска каросерија и прецизно извајани линии, новите моќни мотори, вратите без рамки, најновите безбедносни системи, новиот 8-степен автоматски менувач и многу други дополнителни елементи во опремата со кои ова возило претставува предвесник на една нова ера, ера на нова технологија, на автономност и на современ дизајн.

Новиот „Пежо 508“ е достапен во салоните на Еуроимпекс и сите заинтересирани можат да закажат тест возење на следниов линк: https://peugeot.mk/vozila/test-vozenje/508
Во склоп на патувањето, од Еуроимпекс имаа уште една новост, официјално претставување на новиот продажно- сервисен салон „365 Ауто“ во Битола.
Томислав Нафидов, регионалниот директор на продажба во Еуроимпекс, изјави: „Работиме на проширување на нашата дилерска мрежа со цел постигнување на уште подобри резултати во периодот кој следи. Имено со отворањето на нашата нова дилерска точка, очекуваме значително зголемување на бројот на продадени возила во југозападниот дел од земјава и веруваме во успешна соработка од двете страни“

На тоа сопственикот на компанијата 365 Ауто, Г-динот Тони Коминовски додаде:
„Нашата компанија Алфа Припс Дооел стопанисува веќе 10 години. Прво започнавме како такси компанија, за да се прошириме како рент а кар агенција, а од пред 3 години и продажба на автоделови и сервисирање на возила. Работејќи со изнајмување на возила и такси дејност имавме можност да ги запознаеме многу добро речиси сите брендови на возила, но ‘Пежо’ е брендот кој максимално не воодушеви во секој поглед: беспрекорен квалитет, современ дизајн, повратна вредност и пост-продажна услуга.
Тоа резултираше со потпишување на договор со ЕУРОИМПЕКС, на кој сме многу горди и отварање на продажно-сервисен салон од 100 м2 за ‘Пежо’ возила во Битола и регионот“.
Новиот продажно – сервисен салон се наоѓа на Ул Ѓорче Петров број 33, Битола. Секој корисник на возило „Пежо“ може да се обрати на оваа локација.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

