Забава
Афлек лажел дека неговата огромна тетоважа не е вистинска
И покрај тоа што претходно лажеше за големата тетоважа во облик на феникс, која ја истетовира на грбот, тврдејќи дека е направена исклучиво за филмска улога, актерот Бен Афлек (46) призна сè во шоуто на комичарката Елен Деџенерис (61).
„Тетоважата на грбот привлече големо внимание. Таа е толку голема што излегува од твојот задник“, се пошегува Елен, на што актерот одговори дека ја сака својата тетоважа.

Медиумите првпат ја фатија тетоважата во текот на летото 2015 година, а во декември истата година беше откриена во целост. Сепак, Бен постојано кажуваше дека тетоважата не е вистинска, туку лажна за снимање филм.
Сепак, се покажа дека тетоважата е вистинска, а ја коментира и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер (45).

„Знаете што би му кажале во мојот роден град? ‘Ах, кутар човек’. Феникс што се издига од пепелта, дали јас бев пепел во таа приказна? Одбивам да бидам тоа“, рече Џенифер пред две години.
Тетоважата ја коментира и пејачката Џенифер Лопез (48), со која Афлек беше свршен до 2004 година.
„Грда е, зошто го правиш тоа?“ Сите негови тетоважи се премногу шарени, а не треба да бидат. Тетоважите треба да бидат кул“, рече музичарката во интервју со Енди Коен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Никој не може да ја погледне во очи: Ким Кардашијан со предизвикувачко деколте
Ѕвездата на ријалити шоуата Ким Кардашијан е најсреќна кога сите очи се вперени во неа. Откако го прослави својот 45-ти роденден и предизвика доста возбуда со своите провокативни фотографии на Инстаграм, сега им зададе тешкотија на фотографите.
Кога беше запрена на влезот од хотел во Рио де Жанеиро и и беше побарана изјава, ретко кој можеше да се концентрира и да ја погледне Ким директно во очи.

Кардашијан избра црвен лежерен фустан кој малку паѓа преку градите и открива премногу. Како и обично, Ким сè украси со детали, па имаше низа сребрени ѓердани околу вратот слични на популарните чокери, додека косата ѝ беше собрана назад и врзана во пунџа.

Нејзиниот фустан имаше гол грб, па затоа е многу дискутабилно колку деколте беше безбедно, со оглед на тоа дека сè зависеше од еден погрешен чекор. Ким не носеше градник под нејзиниот фустан што ги „отежнуваше“ работите за публиката.

Токму како што сакаше, Ким Кардашијан повторно го украде целото внимание.
фото: принтскрин
Забава
Актерката го избриша сопругот од социјалните мрежи: „Готово е, се разведуваат“
Ејми Шумер наводно се соочува со развод и покрај сите напори што ги прави за да успее нејзиниот брак со Крис Фишер, објавија странските медиуми.
Познатата комичарка Ејми Шумер е во центарот на вниманието во последно време, прво поради нејзината трансформација, а сега и поради гласините дека западнала во брачна криза.
Според извор, Ејми прекинала да го следи Крис на Инстаграм и ги избришала сите фотографии заедно.
View this post on Instagram
„Таа го избриша Крис од Инстаграм, а потоа и сè друго. Готово е. Таа веќе не зборува толку многу за него, како да не се повеќе блиски“, изјавил извор за Дејли Меил.
Од друга страна, извор за „Пипл“ открил дека и двајцата сè уште работат на своите проблеми и се посветени на својот брак.
Ејми Шумер и Крис Фишер се во брак од 2018 година и имаат еден син. Овие гласини се поврзани и со нејзините претходни изјави кога изјавила дека мора да закажат време за водење љубов, а потоа нејзиниот нов изглед стапил во игра.
Откако Ејми ослабе многу и почна да ја покажува својата извајана фигура, многумина коментираа дека тоа е тесно поврзано со криза во нејзиниот брак.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Омразена убавица „го запали интернетот“ со секси облека: „Нема подобар стајлинг за Бадник“
Толку млада, а веќе глобален хит, прекрасната актерка Мили Боби Браун (21) не престанува да го краде вниманието на целиот свет со своите модни изданија. На едно од нејзините последни појавувања на црвениот тепих, таа подготви незаборавен стајлинг, а сега се потруди да создаде возбуда и на социјалните мрежи.
Millie Bobby Brown is getting into the Christmas spirit with her new clothing line and a festive “Elf on the Shelf” look
pic.twitter.com/xg4F7iGJnp— FearBuck (@FearedBuck) November 14, 2025
Мили беше фотографирана за празничната колекција на брендот за облека Florence by Mills Fashion, кој е во нејзина сопственост, а една посебна божиќна комбинација предизвика лавина од коментари.
Дали го очекувала тоа или не, никогаш нема да знаеме, но нема сомнение дека Мили ги поместува сите граници на модата, гламурот и совршениот изглед.
За само еден ден, објава во која Мили позира во црвена маица и кратки шорцеви, собра над два милиони лајкови, и јасно е зошто можете да наидете на коментарот „дури и Дедо Мраз би сакал да го види ова“.
„Здраво луѓе, носам многу пристојна облека. Помислив нема подобар начин да спијам на Бадник отколку во оваа скромна и удобна облека. Поздрав, хо, хо, хо“, напиша Мили.
И повторно, како и претходно, секое нејзино појавување е добра основа за негативни коментари, за кои Мили веќе зборуваше. Луѓето ѝ велеа во коментарите дека изгледа 20 години постара, а забележаа и дека го изгубила препознатливиот британски акцент, сега има многу забележлив американски акцент во нејзиниот говор.
фото: принтскрин

