Контакт

Економија

ССК: Недоволна соработка со компаниите во зоните со потенцијал за раст

Објавено пред

Да се интензивира соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони преку пренесување знаење, технологии, менаџерски вештини, во насока на зајакнување на нивната конкурентност, како и можности за отворање на пазарот надвор од државата, беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојузот на стопанските комори (ССК).

dobivaj vesti na viber

Александар Зарков, извршен директор на Сојузот, истакна дека во согласност со анализата на коморите за 2018 година соработката со компаниите од слободните зони треба да се поддржува и охрабрува бидејќи само 4 отсто од анкетираните компании се изјасниле дека се дел од вредносните синџири на компаниите од слободните економски зони, 6 отсто обезбедуваат одреден тип услуга, имаат некаков вид соработка – се изјасниле 13 отсто, 18 отсто бараат можност за да соработуваат и многу високи 59 отсто немаат никаква соработка и не преземаат конкретни мерки за надминување на ваквата состојба.

„Од анализата евидентно е дека 23 отсто од компаниите остваруваат некаков вид соработка во најголем дел услуги и  друг вид соработка, која не е како стратегиски доставувач. При анализа на секторската распределба на компаниите со оние од слободните економски зони ситуацијата малку се разликува од општата слика. Од оние 4 отсто компании што се дел од вредносните синџири на зоните, градежниот сектор учествува со 6 отсто, другите сектори со 5 отсто и земјоделскиот сектор со 3 отсто. Сите видови дејности обезбедуваат логистика во опсег од најниските 3 отсто во земјоделството до највисоки 9 отсто во туризмот. Текстилниот сектор е поинаков преку обезбедување друг вид соработка со високи 32 отсто. Одговорите на 77 отсто од испитаните компании, кои се изјасниле дека немаат соработка и разгледуваат можности за соработка, се рангираат највисоко и се разликуваат од сектор до сектор, од 87 отсто во земјоделството, 83 отсто во ИКТ, 79 отсто во категоријата други дејности од наведените, 76 отсто во градежништвото, 76 отсто во туризмот, до 63 отсто во текстилот. Гледано од аспект на големина на компаниите, 58 отсто од големите компании во 2018 немале никаква соработка или само ги разгледувале можностите за соработка со компаниите од слободните зони. Процентот на компаниите што не соработуваат или кои бараат можности за соработка се движи помеѓу 78-80 отсто. Големите компании имаат највисок процент во вредносниот синџир на компаниите од слободните економски зони со 10 отсто, а овој процент кај малите компании е максимално 5 отсто. Големите компании исто така учествуваат со највисок процент на логистичка поддршка на компаниите од зоните со 10 отсто“, истакна Зарков и додаде дека од статистичките податоци може да се заклучи дека големите компании имаат најдобра соработка со компаниите од зоните како партнери што може да обезбедат доставување договорени стоки или услуги навремено и со стандарден квалитет.
Малите и средните претпријатија, кои сочинуваат 99,7 отсто од сите регистрирани претпријатија во земјата, детектирано е дека имаат ограничени ресурси за соработка со компаниите во слободните економски зони.

Трајан Ангелоски, член на УО во ССК, појасни дека МСП нема доволно средства за да ги следи технолошките промени што ги бараат странските инвеститори.

„Темпото на развој се забрзува, се прават напори и се креираат мерки за поддршка на државно ниво, но потребно е поголемо искористување на средствата од европските фондови, кои треба да се насочат, домашните компании да ги подобрат технолошкиот развој и процесот на стандардизација во работењето. На домашните компании им е потребен поволен деловен амбиент и средства за да инвестираат во квантитет на производството, во поконкурентни цени и во процесот на стандардизација бидејќи најголемиот јаз помеѓу домашните и странските компании е токму слабата технолошка развиеност на домашните капацитети, стандардизација и сертификација на производството, како и неконкурентните цени“, истакна Ангелоски и додаде дека унапредувањето на техничко-технолошките капацитети на компаниите е предуслов за развој на нови и постојни производи сè со цел зголемување на нивната конкурентност, извоз, како и освојување нови пазари.

ССК смета дека се очекува подобрување на состојбата во иднина во стабилен деловен амбиент, погоден за инвестирање и искористување средства предвидени за технолошки напредок на компаниите, како и заложбите за интензивирање на соработката на новите странски инвеститори со локални квалификувани доставувачи.

Економија

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.

Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Економија

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено пред

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија4 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија5 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија6 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ7 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет8 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија9 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија9 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ10 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа11 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет11 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет12 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет12 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа13 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија13 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија13 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...