Соопштенија
СДСМ: Мицкоски се обидува да релативизира насилство, таква е неговата матрица

Одбраната на насилствата од 27-ми април и обидот да се релативизира обидот за убиство, линч, за рушење на уставниот поредок и демократијата, говорат за матрицата на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.
„Тој е ист као Никола Груевски. Неговите изјави немаат никаква врска со правото, затоа што согласно правото за насилство следува одговорност. Кога зборува за нарачки Мицкоски во суштина мисли како да ја дефокусира јавноста, она што на сите им е јасно дека нарачките на насилствата од 27 април доаѓале од врвот на неговата ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на владејачката партија.
Од таму порачуваат дека за поделбите и омразата што ги шири Мицкоски ќе ценат граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Каде завршија 1,4 милиони евра за чистење на градот да одгворат Османи и ДУИ, побара Влен

Портпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир, Сабри Азири, на денешната прес конференција го обвини кандидатот на ДУИ за градоначалник на
општина Чаир, Бујар Османи, за директна одговорност на неговата партија за мизерната состојба со хигиената во Скопје, особено во Чаир.
Според него, наместо да се грижат за општината, кадрите на ДУИ со години го саботирале функционирањето на ЈП “Комунална Хигиена“ и ја претвориле
во извор на злоупотреби со милионски тендери. “Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, изминативе денови излегува пред јавноста претставувајќи се како загрижен родител и како лекар револтиран од нечистотијата во општината. Тој еднаш го нарече Чаир
„Кандахар“, а потоа изјави дека ова е највалканата општина во Скопје.
Но, граѓаните на Чаир треба да ја знаат вистината: за состојбата со нечистотијата е одговорна токму партијата на Османи и нивните кадри.
Наместо да се грижат за Чаир, тие со години го саботираа неговото функционирање и дозволија сериозни злоупотреби во јавното претпријатие
задолжено за чистотата на градот – ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Само од јануари оваа година се склучени договори во вредност од над 1,4
милиони евра и тоа: 422 илјади евра за сервисирање на возила, 276 илјади евра за гуми, 253 илјади евра за контејнери за отпад и друга опрема, 192
илјади евра за четки и други делови. Значи, потрошени се цели 1,4 милиони евра од парите на граѓаните. А сепак, реалноста е сосема
поинаква – Скопје, а особено Чаир, се дави во ѓубре.“, изјави Азири.
Тој нагласи дека тендерите се користат за збогатување на партиски семејства и за клиентелистички договори, посочувајќи го и договорот од
12 илјади евра за “интелектуални услуги“ со компанијата „Хели Консалт“, во сопственост на синот на Блерим Беџети.
“Ова се „резултатите“ од милионските тендери: камиони и возила во катастрофална состојба, кои не можат да ја извршат ни најосновната
функција – чистење на градот. Додека граѓаните живеат во нечистотија, тендерите на „Комунална хигиена“ се користат за збогатување на партиски
семејства и за клиентелистички договори. Да потсетиме – постои и договор од 12 илјади евра за „интелектуални услуги“ со фирмата Heli Consult, во
сопственост на синот на Блерим Беџети.“, додаде портпаролот на ВЛЕН.
Азири ја заврши изјавата со порака до Бујар Османи дека тој и неговите сопартијци треба да им дадат објаснување на жителите на Чаир за ова и
дека на 19 октомври граѓаните на Скопје и Чаир ќе имаат можност “да го исчистат не само ѓубрето, туку и оние кои со години ја користеа
општината за тендери и политички профити“.
“Затоа денес јавно му порачуваме на Бујар Османи: Вие им должите на жителите на Чаир објаснување! Како е можно да се потрошат 1,4 милиони
евра за сервисирање на возниот парк, а возилата да бидат во ваква скандалозна состојба? И како имате храброст, без срам, да излегувате со
футуристички ветувања и празни зборови? Почитувани граѓани, не е доволно да се игра улогата на загрижен лекар кога си дел од самиот проблем. На
19 октомври, граѓаните на Скопје и Чаир имаат можност да го исчистат градот – не само од ѓубрето, туку и од оние кои со години го користат за
тендери и политички профити.“, потенцираше Азири.
Соопштенија
Трајановски: Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии

Контрола врз загадувачите и редовно чистење на дивите депонии ветува Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ДСМ.
„Аерозагадувањето е сериозен проблем за здравјето на граѓаните, не само во Општина Аеродром, туку и на ниво на целото Скопје. Во зимскиот период, алармот за загаден воздух е многу висок. Нашите деца, повозрасните, хронично болните, сите ние ја чувствуваме оваа закана врз здравјето и квалитетот на живот. Како општина, мораме да преземеме одговорност. Затоа, планираме контрола на загадувачите и редовно чистење на дивите депонии. Ќе воспоставиме континуиран мониторинг на сите регистрирани и потенцијални извори на загадување, со транспарентни податоци достапни за граѓаните. Паралелно, ќе понудиме субвенции за граѓаните кои ќе преминат на еколошки системи за затоплување, со што директно ќе се намали емисијата на штетни честички. Општината ќе вложи и во едукација: подигање на еколошката свест преку кампањи, работилници и училишни програми. Борбата против загадувањето е заедничка задача“, вели тој.
Соопштенија
Реконструкција на училишта, нови сали и современи ИТ кабинети во програмата на ЗНАМ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес одржа прес-конференција посветена на образованието во Куманово, нагласувајќи дека тоа е најголемата инвестиција во иднината на градот и неговите жители.
„Квалитетното образование мора да биде право, а не привилегија. Нашата цел е секој ученик и студент да има современи услови за учење и развој, а општината ќе продолжи да вложува во подобрување на наставниот процес, спортските капацитети и инклузивноста,“ беше истакнато на прес-конференцијата.
Во програмата за следниот период се предвидуваат реконструкција и доопремување на централните и подрачните училишта, со акцент на енергетска ефикасност и пристапност за лицата со попреченост, нови и реконструирани училишни спортски сали, современи ИТ кабинети и технолошки зони, уредени училишни дворови со осветлување и нова урбана опрема, целосна реконструкција на повеќе основни училишта и спортски сали низ Куманово и околните населби и промоција на инклузивна средина во сите училишта.
„Нашата визија е преку образованието да создадеме генерации подготвени за предизвиците на новото време, но истовремено свесни за своите корени, култура и вредности. Секој млад ум е искра надеж за подобро утре, а токму образованието е силата што ќе го движи Куманово напред,“ порачаа од Движењето ЗНАМ.