Регион
Хрватска обезбеди пилули за медицински абортус

Хрватската Агенција за лекови и медицински помагала (ХАЛМЕД) ги одобри пилулите за медицински абортус, кои може да се нарачаат во аптеките.
Претседателката на хрватската аптекарска комора, Ана Солдо, за порталот „Индекс“ потврдила дека ХАЛМЕД на 15 јануари годинава издала решение на пазарот да се пушти лекот Mifegyne 200.
„Лекот се издава со рецепт во аптеките. Веќе е достапен, така што секоја аптека може да го набави во рок од 24 или 48 часа“, изјавила Солдо, а пренесува „Танјуг“.
Солдо порачала и дека комората им препорачала на сите аптеки во Хрватска доколку имаат вработено лице кое се повикува на совеста и одбива да го издаде лекот на пациентката, работодавачот е должен да го обезбеди лекот, така што во смената истовремено ќе има и работник кој не би имал проблеми повикувајќи се на својата совест.
„Работодавачот мора итно да обезбеди терапијата за секоја пациентка“, изјавила Солдо, наведувајќи дека аптеките ги немаат на лагер пилулите за абортус, но може да ги нарачаат, така што пациентките од Загреб би ги добиле истиот ден, а надвор од Загреб за 48 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Нов жесток напад врз демонстрантите во Србија

Протестите продолжуваат во неколку градови во Србија вечерва по вчерашните напади од страна на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) врз демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка. Собирите беа организирани од „студенти во блокада“, кои ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да протестираат пред канцелариите на СНС и полициските штабови.
Најголемите собири се одржуваат во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други градови, вклучувајќи ги Суботица, Шабац, Лесковац, Сомбор, Панчево и Ваљево.
Novi Sad
SNS na gradjane pirotehnikom pic.twitter.com/8tk37G5df0— Žaklina Tatalović (@zaklina_prva) August 13, 2025
Ескалација во Нови Сад вечерва
Ситуацијата во Нови Сад ескалираше кога пиротехнички средства беа лансирани кон граѓаните од правец на просториите на СНС. Демонстрантите одговорија со кршење прозорци во партиските простории, по што полицијата во опрема за разбивање демонстрации, формираше кордон. На протестот беа фрлени и факели.
Протестната колона во Нови Сад тргна од студентскиот кампус, по дебатата „Медиумите во ерата на репресија“, кон главните простории на СНС.
Вчера во Врбас, поддржувачи на СНС и Александар Вучиќ ги нападнаа демонстрантите со пиротехнички средства, камења, шишиња и клучеви. Еден граѓанин претрпе повреда на ногата, а помошник снимател на Н1 беше погоден со камења. Сличен напад се случи и во Бачка Паланка.
Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека полицијата „спречила големи конфликти“ синоќа, дека граѓани и полицајци биле повредени, а неколку лица биле приведени. „Не заштитувавме една група, туку јавен ред и мир“, рече Васиљевиќ.
фото: принтскрин
Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин