Свет
Осомничениот за пукањето во Утрехт е 37-годишен Турчин, бројот на загинати се зголеми на три

Триесет и седумгодишен Турчин е напаѓачот што стои зад смртоносното пукање во трамвај во Утрехт, изјави холандската полиција, апелирајќи до граѓаните да внимаваат на осомничениот, кој е сé уште во бегство, пренесува РТ.
Ѓокман Танис, кој е роден во Турција, сега се бара со потерница во Холандија, информира националната полиција која ја објави фотографијата на осомничениот на Твитер. На локалните жители им е советувано да не му пристапуваат на човекот туку веднаш да се јават во полиција.
Фотографијата е принтскрин од CCTV-снимката направена во трамвајот и беше објавена неколку часа откако властите потврдија дека осомничениот е сè уште во бегство и дека потрагата по него е во тек.
Масовно полициско присуство се забележува во Утрехт со дополнителни патроли и силно вооружени полицајци кои ги обезбедуваат улиците. Според извештаите во медиумите, на полицијата ѝ било кажано да трага и по црвен „седан рено“ кој подоцна бил пронајден напуштен во Утрехт.
Во меѓувреме, градоначалникот на Утрехт информираше дека бројот на загинати во нападот од утрово се зголемил на три.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници