Контакт

Македонија

Плацот кај „Имес“ со помош на Стевчо Јакимовски купен за 11 илјади, а продаден за 600 илјади евра

Објавено пред

На 2 ноември 2017 година „Макфакс“ ја отвори аферата за продажбата на земјиштето што се наоѓа во близина на поранешниот ресторан „Имес“ во Карпош, а за кое денеска беше поведена истрага против девет лица, меѓу кои и за поранешниот градоначалник на општината, Стевчо Јакимовски, за кого се чека одлуката за притвор. 

dobivaj vesti na viber

Сторијата на Кристина Озимец, која се однесува на спорната легализација на една од парцелите што била во сопственост на државата, ја реобјавуваме во целост: 

„ГРОМ промет“ купил државно земјишто во Карпош за 11 илјади евра, а потоа го продал за 600 илјади евра“, е обвинувањето што одекна во екот на предизборната кампања за време на локалните избори. Обвинувањата пристигнаа од страна на СДСМ и упатени на адресата на градоначалникот Стевчо Јакимовски, чија партија, Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ, носи речиси идентично име како името на фирмата што се споменува во обвинувањата за неправилности при отуѓување на земјиштето во оваа општина.

Душко Весковски, кој сега е претседател на Советот на Општина Карпош, а претходно беше носител на листата на советници на СДСМ, ја обвини Општината под раководство на Стевчо Јакимовски како градоначалник дека неправилно отуѓила градежно земјиште со вкупна површина од 1.533 м2, кое му било продадено за 11 илјади евра на друштвото за производство, трговија и услуги „ГРОМ промет“ ДОЕЛ.

Тој го праша Јакимовски како отуѓил државно земјиште за багателна цена и зошто два месеца подоцна по отуѓувањето, истото земјиште, заедно со легализираните објекти од „ГРОМ промет“ ДООЕЛ, ѝ било продадено на фирмата „Дабар“ ДООЕЛ за цена од 600 илјади евра.

Освен самите обвинувања упатени до Јакимовски, објавувањето на името на фирмата „ГРОМ промет“ во јавноста веднаш предизвика шпекулации дека зад зделката може да стои ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Сè е чисто како солза, велат службите од Општина Карпош

За случајот побаравме брифинг со службите во Општина Карпош, кои го воделе предметот, од каде што велат дека постапката за отуѓување на земјиштето кај познатиот ресторан „Имес“ била целосно законска и во согласност со процедурите на Општината.

Оттаму ги добивме на увид и договорот меѓу „ГРОМ промет“ и Општината, договорот за отуѓување градежно земјиште со непосредна спогодба, како и решението со кое „Дабар“ ДООЕЛ станува сопственик на земјиштето.

Иако потврдуваат дека земјиштето под објектот било навистина купено за 11 илјади евра, сепак, велат дека во пресот со обвинувања на Весковски, случајно или не, било заборавено да се спомене дека „ГРОМ промет“ платила уште 180 илјади евра за легализација на објектот, па поради тоа, според нив, не држат обвинувањата дека за земјиштето се дадени само 11 илјади евра за потоа да се продаде за 600 илјади евра.

Тие објаснуваат дека ниската цена од 11 илјади евра за земјиштето била поради тоа што се работело за земјиште што е под објектот што „ГРОМ промет“ го имала со години на користење и потоа и го откупила. Најпрвин бил откупен објектот, а потоа и земјиштето под објектот. Од тие пари, по 40 отсто од средствата добиваат Град Скопје и Општината Карпош, а 20 отсто се наменети за буџетот на РМ.

И од компанијата „Дабар“ ДООЕЛ за „Макфакс“ потврдуваат дека „ГРОМ промет“ го купил објектот од државата за 183 илјади евра според Законот за утврдување правен статус на бесправен објект.

Објектите, меѓу кои како дел од комплексот имало и канцеларии и летната тераса на познатиот ресторан, се легализираат во 2015 година, а барањето за легализација било поднесено во 2011 година.

Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, не беше достапен за коментар за обвинувањата упатени кон него од страна на Весковски и отуѓувањето на земјиштето. Тој во изминатиот период, освен од своите политички опоненти, беше постојано обвинуван и од граѓанските организации и активисти за заштита на зеленилото во Карпош дека како градоначалник целосно ги узурпира зелените површини и јавните простори за сметка на интересите на градежниците.

По легализацијата, плацот продаден речиси трипати повеќе

Изградбата на новата зграда, која се наоѓа кај поранешниот познат ресторан „Имес“, веќе е во полн ек. Зградата, која сега веќе ја гради компанијата „Дабар“ ДООЕЛ, ќе има 132 стана и приземје, 5 ката и потпокрив.

По легализацијата и откупувањето на земјиштето, за многу кус период тоа било ѝ веднаш продадено на компанијата „Дабар“ ДООЕЛ. Од оваа компанија за „Макфакс“ потврдија дека за плацот на „ГРОМ промет“ му платиле 508.474 илјади евра, а околу 91 илјада евра завршиле како данок на државата.

Сега 80 отсто сопственост врз плацот има компанијата „Дабар“ ДООЕЛ, а 20 отсто останува на други физички лица, кои исто така се вклучиле во процесот.

Фирмата „Дабар“ ДООЕЛ потоа добила можност и за дооформување на земјиштето во тој реон бидејќи за нивниот објект им била потребна поголема парцела. Таа дооформува уште 1.835 м2 за кои платила 470 илјади евра, кои одат на сметка на Град Скопје и Општината, како и 20 отсто за државата, со што плацот го зголемуваат на вкупно 2.845 м2.

Според информациите од оваа компанија, тие платиле и 756 илјади евра за комуналии, од кои 40 отсто се за Општината, како и 60 отсто за Град Скопје.

„ГРОМ промет“ формирана уште во 2003

Од документите во Централниот регистар може да се види дека, сепак, е само коинциденција тоа што името на фирмата „ГРОМ промет“ е слично со името на партијата на Стевчо Јакимовски. Компанијата „Гром промет“ ДООЕЛ била формирана уште во 2003 година, а како нејзин сопственик во Регистарот е наведен Горан Ристовски. Според потврдата што ја добивме во телефонски разговор од сопственикот на компанијата, компанијата работи со години пред да се формира партијата ГРОМ и под нејзино раководство бил познатиот скопски ресторан „Имес“, кој веќе не постои на таа локација.

Ристовски во неофицијален телефонски разговор ни кажа дека не сака да дава изјави за медиумите затоа што не чувствува потреба да демантира какви било наводи изнесени против неговата компанија. Тој негира дека неговата компанија има каква било врска со партијата ГРОМ и исто така ни ја потврди сумата од 600 илјади евра за која е продадено земјиштето, а во која е вклучено и ДДВ за државата.

Предупредувања за нашите пишувања за плацот кај „Имес“

Иако во нашиот прв разговор со сопственикот на компанијата „ГРОМ промет“, Горан Ристовски, тој смирено ни објасни повеќе детали во врска со случајот, но сепак одби да даде официјална изјава за нашиот медиум, половина час подоцна тој повторно ни се јави на телефон и ни кажа дека набргу ќе нè побара неговата сопруга, која е правник, за да ни го објасни нивниот став за неговата изјава.

„Не сакаме нашите имиња да ги споменувате во вашите текстови, вие немате право на тоа зашто се работи за приватна работа. Ќе следам што пишувате и потоа ќе си преземеме мерки на влијание“, ни рече жената, која се претстави како сопруга на сопственикот на компанијата.

Таа со агресивен тон во телефонски повик ни упати повеќе предупредувања дека воопшто не сакаат на никаков начин да се споменуваат нивните имиња во нашата сторија затоа што се работело за приватна работа и тие не сакаат да дадат изјави на темата. Таа нè распрашуваше од каде сме ги добиле документите за случајот и неколкупати ни испрати предупредување дека ќе го следи нашиот текст, како и дека треба да бидеме внимателни во пишувањето бидејќи доколку таа смета дека го кршиме законот со пишувањата, ќе употреби правни мерки против нас.

Македонија

Гаши на Националниот молитвен појадок во САД

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.

На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.

dobivaj vesti na viber

Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.

„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.

Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.

Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите

Објавено пред

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.

dobivaj vesti na viber

„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.

Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Економија10 часа

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија13 часа

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија15 часа

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија15 часа

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија15 часа

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија16 часа

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет16 часа

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија17 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија18 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија19 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија19 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија19 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет19 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет19 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет21 час

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет21 час

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет22 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет22 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа22 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...