Свет
(Видео) Трамп се налути бидејќи Болдвин го прикажа како плачлив лутко
„Неверојатно е што луѓе без никаков талент и чувство за хумор од недела до недела удираат по мене, без да ја слушнат другата страна од приказната. Можеби треба да почнам федерална истрага“, порача американскиот претседател Доналд Трамп (72) во популарното шоу Saturday night live.
Претседателот беше лут затоа што не му се допадна како актерот Алек Болдвин (60) го имитираше пред милиони Американци. Во шоуто,Трамп е прикажан како плачлив параноичен лутко кој секогаш е подготвен да се кара, а Трамп никако не се пронаоѓа во тој опис.
„Ова е веројатно договорено со демократите, а веројатно и Русите се вклучени. Таквото еднострано претставување на приказната не е фер, т.е. е лажна вест – рече Трамп на крајот од своето обраќање и ги спореди демократите со сталинистите.

Од продукцијата на шоуто не се засегнати многу од новиот напад на Трамп.
„Секоја цензура на слободата на говорот е незаконска, а на забавната програма не ѝ е забрането имитирање и исмевање. Шоуто беше исмевано од претседателот Џералд Форд во 1976 година, и нема да застане со Трам“, тие беа кратки во својот одговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

