Македонија
(Видео) Стоилковски: Изминаа шест месеци од кривичната пријава за злоупотреби на референдумот
Изминуваат шест месеци откако до Јавното обвинителство е доставена кривична пријава за повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори, поради основано сомнение дека на референдумот на 30 септември минатата година биле злоупотребени над 50 000 гласови, односно за основано сомневање дека биле полнети кутии, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција.
„И денес Македонија ги очекува информациите од Јавното обвинителство околу оваа кривична пријава, што точно се случи на референдумот на којшто во определен период на посочени места се гласало за 9, 14, 15 секунди. Оценката во јавноста е дека референдумот и кампањата минаа во најнедемократска атмосфера, со поткуп, со уцени, со закани, со лажење и со лажно претставување преку повикувачки центри, до полнење кутии на денот на референдум. Македонија, почитувани, се подготвуваат нови избори, а Јавно обвинителство молчи и не презема ништо за подобрување на впечатокот и оставање сомнежи за криминогеност спроти изборите. Ова е прашање од голем интерес за Република Македонија и за граѓаните, и повторно потсетуваме на препораките од Комитетот на министри при Советот на Европа од 2003 година, дека за вакви истраги редовно треба да ја информираат јавноста“, рече Стоилковски.
Додаде дека Јавното обвинителство пред шест месеци посочило дека будно ги следеле прес-конференциите и дека сè што ќе биде доставено ќе процесирале, но до денеска нема никаква информација што е преземено.
„Вакво јавно обвинителство, почитувани, кое остава огромен простор за сомнеж во изборниот процес, сомнеж за заштита на криминогени дејства, на Македонија не ѝ е потребно. Насушна е потребата од право и правда во Република Македонија, а таа е на дофат со победата на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските и на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори“, порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

