Економија
Мицкоски во Брисел: Не можеме да се пофалиме со добри бизнис-можности во државата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и денеска заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски, ја продолжува својата работна посета на Брисел.
Во текот на денешниот ден Мицкоски и Силјановска-Давкова остварија средби со Хорст Хејтс, извршен директор на „СМЕ Европа“, организација за мали и средни претпријатија, која ја претставуваат над 400 илјади компании од Европа.
Мицкоски разговараше за пренесување искуство и информации во поглед на изработка на квалитетна економска програма која ќе понуди решенија за компаниите во Македонија, како и плановите за привлекување бизниси во Македонија преку конкурентност на економијата и овозможување поволна бизнис-клима.
„Во редовна комуникација сме со македонските компании и можам да кажам дека сум добро информиран за недостатоците во бизнис-секторот и проблемите што тие се соочуваат. За жал, не можеме да се пофалиме со добри бизнис-можности во државата, а покачените даноци и административните бариери си го прават своето. Граѓаните се сè понезадоволни, а тоа е индикатор дека е потребна економска преродба. Македонија поседува огромен потенцијал кој мора да се искористи, а иднината ја гледам преку поддршка на домашниот бизнис и вмрежување и добра деловна соработка со европските и светските компании. Економијата ќе биде нашиот најзначаен приоритет и тоа ќе донесе подобар живот за граѓаните“, посочи Мицкоски.
Гордана Силјановска-Давкова посочи дека за функционална економија е правото и правна држава и дека иако земјата има сериозни проблеми на тој план, работите може да се променат. Економијата е најзначајна за македонските граѓани и затоа значаен дел во програмата за претседател ќе биде посветен на економската дипломатија со цел да се подобри животот на граѓаните, истакна Силјановска-Давкова.
Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба и со Хавиер Хуртадо Мира, претседател на заедницата на млади демократи на Европа.
На средбата се разговараше за можностите за соработка и главните предизвици на младите во Македонија и Европа. Силјановска-Давкова посочи дека еден од нејзините приоритети ќе биде поддршката на младите.
„Сите сили треба да се концентрираат сè што е од знаење во Република Македонија да се собере и да им се овозможат услови за развој. Треба да се потпреме на сопствените капацитети за да може навистина Македонија да стане пристојна европска држава, посочи Силјановска-Давкова.
Ова попладне се очекува средба со претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол, на кој ќе се разговара за актуелните прашања за Република Македонија.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, по завршувањето на политичкото собрание на Европската народна партија, Мицкоски и Силјановска-Давкова имаа средба со претседателот на најголемата словенечка партија и поранешен премиер, Јанес Јанша, како и со потпретседателот на Европската народна партија и претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.
Со Јанша се разговараше за можностите за јакнење на реагионалната соработка и искористување на потенцијалите на регионот во насока на промовирање на европските вредности.
Со Мекалистер беше разговарано за потребата од одржување фер и демократски избори и му беа предочени нарушувањата, кои, според ВМРО-ДПМНЕ, се прават од страна на власта на тој план.
„Му ги пренесовме загриженоста за нарушувањата на изборниот процес и лошото искуство со многуте престапи од последниот референдум, како и отсуството на волја на власта во Македонија сето тоа да добие правна разрешница. Пријателот на Македонија, Мекалистер, се заложи за обезбедување фер и демократски избори и со својот личен ангажман ќе се обиде да влијае да не дојде до крадење на изборната волја на граѓаните или креирање недемократска атмосфера во пресрет на изборите“, посочи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика.
На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV Македонија, Неџат Курт, како и претставници на Wizz Air.
Како претседател на Мешовитата комисија за економска соработка, министерката информираше дека иницијативата за директна авионска линија била покрената на Заедничкиот македонско-чешки состанок во Прага, во март годинава, како дел од пошироката агенда за продлабочување на билатералните односи и олеснување на бизнис-комуникацијата.
Божиновска истакна дека воспоставувањето на директната линија не е случаен потег, туку резултат на јасна визија и конкретна иницијатива.
„Оваа авиолинија е реална врска меѓу две економии, два пазара и две општества. Поврзаноста е предуслов за развој, за мене, оваа линија има и силна лична димензија. На 20 август 1998 година се иселив во Прага, во време кога немаше директен лет меѓу нашите две земји. Поврзаноста беше комплицирана, скапа и временски исцрпувачка. Од 2005 до 2012 година постоеше директна линија и од лично искуство знам колку директната авионска врска значи – не само симболично, туку реално, за животот, за бизнисот и за секојдневната комуникација меѓу луѓето. Затоа, уште од првиот ден како министерка, силно се залагам за продлабочување на врските меѓу Македонија и Чешка и за создавање реални услови што ќе ја олеснат таа поврзаност“ , нагласи Божиновска.
Според надлежните, директната авиолинија Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, подобра мобилност на граѓаните и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови.
Авиосообраќајот е важен сегмент од целокупната стратегија за модерна инфраструктура, економски раст и регионална интеграција, при што ваквите проекти се реализираат преку координирана соработка меѓу институциите и приватниот сектор.
Министерката Божиновска ја поздрави соработката меѓу TAV Македонија и Wizz Air, оценувајќи дека таа е пример за ефикасно партнерство кое носи конкретни резултати за граѓаните и економијата.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година.
Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,635 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,248 ден/кг и сега ќе изнесува 32,635 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,932%, кај дизелот за 4,357%, кај екстра лесното масло за 1,790% и кај мазутот намалувањето е за 1,013%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167%.
Економија
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
СЕТЕК го обои овој декември во сино – симбол на блискост, доверба и на вредноста на желбите што си ги упатуваме едни на други. Декември е месец кој поттикнува поврзување и ја истакнува магијата на споделената радост. Денес, многу од тие желби се поврзани со технологијата која го прави животот поедноставен, порадосен и поубав.
Веќе 32 години, СЕТЕК ја следи мисијата – да ги поврзува луѓето и технологијата, да креира успех и да инспирира радост.
Годинава, роденденот на СЕТЕК се поврзува со кампањата Blue December, која ја слави моќта на дарувањето и можноста за блискост со техниката. Поволностите што ги нудиме – роденденски и во текот на целиот месец – не се само обични попусти. Тие се внимателно осмислени решенија за сите кои сакаат да израдуваат некој свој близок, со вистинска вредност, значење и впечаток.
“Упатуваме искрена благодарност до сите кои низ годините се дел од нашата мисија – заедно растеме, се усовршуваме и го приближуваме светот на технологијата до секој човек. Вашата поддршка и доверба ни овозможуваат да продолжиме и да го подобруваме секојдневието на луѓето” – изјавија од Сетек.
Нека овој декември биде исполнет со топли моменти, споделена радост и остварени желби – вистински празнично син. Нека секој подарок, секоја насмевка и секое внимание, поттикне искрена поврзаност што ќе нѐ потсетува колку е важно да бидеме тука едни за други.
Сетек нуди голема палета на улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање.
Промотивните попусти ќе бидат достапни во сите салони на Сетек низ земјата, како и онлајн преку веб-страницата www.setec.mk
Придружете ни се во прославата со специјални роденденски попусти!
ПР

