Црна хроника
Тепачки во две скопски кафеани, биле употребени и ножеви
Во два угостителки објектa во Скопје синоќа дошло до тепачки меѓу гостите, при што биле употребени и ножеви. Во физичките пресметки неколку лица биле повредени, од кои едно потешко.
Првиот инцидент се случил во попладневните часови на 22 март во ресторан на улицата Рузвелтова.
Како што информираат од МВР, во тепачката учествувале двајца скопјани на возраст од 18 години од една и две лица од друга страна, од кои едниот бил на возраст од 25 години.
При пресметката бил употребен и нож, а со тешки телесни повреди се здобил 25-годишникот кој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а повреден бил и неговиот пријател. Од другата страна, со повреди се здобил еден од 18-годишниците.
Од полицијата додаваат дека тројцата се обезбедени, а се преземаат мерки за пронаоѓање и за четвртиот учесник во тепчката и целосно расчистување на случајот.
Втората кафеанска тепачка во Скопје се случила по полноќ, на 23 март, во селото Марино.
Во тепачката учествувале 27-годишник од село Кадино од една страна и две лица од друга страна. Во пресметката, 27-годишникот бил прободен со нож. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а неговите напаѓачи се приведени во полициска станица.
Полицијата работи на расчистување и на овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбени две финансиски друштва во Скопје во рок од еден час
Во раните утрински часови на 17 јануари 2026 година, во Скопје се случиле две кражби во објекти на финансиски друштва, при што биле одземени сефови со пари.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првата кражба била пријавена во 04:44 часот во скопската општина Гази Баба, каде што насилно било влезено во објект на финансиско друштво и одземени биле пари од сеф
Само околу 40 минути подоцна, во 05:20 часот, слична пријава била поднесена и од општина Центар. И во овој случај, насилно било влезено во објект на финансиско друштво, од каде бил однесен сеф со пари.
Од СВР Скопје соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Засега нема информации за крадците, ниту за сумата што била одземена или евентуалната поврзаност на двата случаи.
Црна хроника
Битолчанец се сомничи за напад врз неговата 79-годишна баба, со тешки повреди пренесена во болница
Полицијата вчера го приведе Т.Р. (28) од Битола, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“, поради сомнение дека физички ја нападнал својата 79-годишна баба во семејниот дом.
Според информациите од полицијата, при нападот на жената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди. Таа со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Во координација со надлежен јавен обвинител, против Т.Р. ќе биде поднесена кривична пријава.
Црна хроника
Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек пред локал, приведен е во Карпош
На 17 јануари 2026 година, околу 14:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.С. на подрачјето на општина Карпош, поради насилен инцидент што се случил ден претходно.
Според пријавата, на 16 јануари, пред угостителски објект, осомничениот со своето возило прво го оштетил автомобилот на 23-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, а потоа со истото возило го удрил и него. По инцидентот, полицијата започнала постапка, а ден подоцна го лишила од слобода Н.С.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

