Свет
Израел за ракетниот напад го обвини Хамас: почнува мобилизација, Нетанјаху веднаш се враќа од САД
Израелската армија го обвини исламскoто движење на отпорот Хамас за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од Појасот Газа и почна да испраќа војници на границата со Газа, како и да врши мобилизација на резервисти.
Израелската армија објави дека ќе распореди две дополнителни бригади на југoт од земјата и ги повика резервистите по лансираната ракета од Појасот Газа, која погоди куќа во централен Израел, при што беа повредени седум лица.
Портпаролката на армијата им изјави на новинарите во телефонски разговор дека во таа област ќе бидат распоредени уште две дополнителни бригади, пешачка и оклопна, додавајќи дека се повикани припадниците на резервната група за специјални задачи.
Таа рече дека ракетата истрелана од Рафах во јужниот дел од Појасот Газа директно ја погоди куќата во Мишмере, 30 километри североисточно од Тел Авив.
Според армијата, ракетата била произведена од Хамас и има опсег од 120 километри.
Иако палестинските милитанти често лансираат ракети во областите околу Појасот Газа, ретко се случува да погодат далечни области. Растојанието од Мишмере од Појасот Газа е поголемо од 100 километри.
Портпаролката не ги коментира известувањата дека ракетата била случајно лансирана поради лошите временски услови.
Поради ракетниот напад врз Израел од Газа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ја скрати посетата на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Крим ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам
Претседателот на Кримската меѓуетничка мисија Заур Смирнов изјави дека мисијата ја повикала Русија да отвори кривична постапка против украинскиот претседател Володимир Зеленски за тероризам на руски територии.
„Зеленски води и насочува терористички активности против Крим и други руски области кои резултираа со човечки жртви. Оваа активност треба да биде предмет на кривично гонење и истрага. Верувам дека руските истражни органи треба да отворат кривична постапка против Зеленски“, рече Смирнов.
Кримската меѓуетничка мисија се состои од неколку јавни организации, а е основана со цел да се постигне „меѓуетничка хармонија“ на Крим, пренесува ТАСС.
Свет
(Видео) Невидени поплави во Бразил: „Ова е катастрофа, ќе се влошува“
Десет лица загинаа, а 21 се водат за исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа бројни поплави и лизгање на земјиштето оваа недела во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, а локалните власти предупредуваат дека ситуацијата е критична и може да се влоши.
На прес-конференцијата во средата, гувернерот на државата Едуардо Леите рече дека разговарал со претседателот Луис Инасио Лула да Силва барајќи секаква можна федерална помош.
Quem está no Rio Grande do Sul, se proteja. Fiquem em locar seguro. Tomo todos os cuidados possíveis. Por pouco não aconteceu uma tragédia, neste caso. pic.twitter.com/cy2TEwSf2m
— Tumulto BR (@TumultoBR) May 1, 2024
„Поминуваме низ најлошиот момент во Рио Гранде до Сул, најголемата катастрофа во нашата историја. Она што се случува во Рио Гранде до Сул во моментов е апсолутно, незамисливо, крајно сериозно. И за жал, само ќе се влоши“, рече Леите.
O dilúvio no Rio grande do Sul não está poupando nem os porcos! pic.twitter.com/QBsHYpr2GC
— Ney (@neydux17) May 1, 2024
Според гувернерот, невремето предизвикало најголемо уништување во државата во последните години, оставајќи неколку градови изолирани по уривањето на мостовите и уништените патишта.
Maior enchente já registrada na minha cidade no Rio Grande do Sul tive que socorrer os bichinhos da minha cunhada pic.twitter.com/oKefGh7aJA
— henrique Rhoden (@henriqueRhoden3) May 1, 2024
Властите избројаа повеќе од 3.400 раселени лица откако бурите предизвикаа покачување на нивото на реките и поплави во различни делови на земјата, погодувајќи 114 општини.
Во извештајот во вторникот, државната влада предвиде ризик од поплави „практично низ целата држава“ со оглед на изгледите за продолжување на „обилните врнежи“ во наредните денови.
Que coisa triste, meu Deus do céu
Eu espero que todo mundo que esteja fazendo piada com a situação do Rio Grande do Sul veja esse vídeo e repense pic.twitter.com/5E4DGleHSO
— O Bon Vivant MuitoHumilde (@muitohumildee) May 2, 2024
Во извештајот се наведува и дека поплавите ќе бидат сериозни во сливовите на многу реки, а можни се поројни поплави и масовни лизгања на земјиштето во регионите со стрмни падини.
Свет
Хамас веројатно ќе го отфрли последниот предлог за договор за заложници, пишува „Тајмс оф Израел“
Хамас најверојатно ќе го отфрли последниот предлог за договор за заложници, подготвен од посредниците, кој доби зелено светло од Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.
Осама Хамдан, функционер на Хамас со седиште во Либан, за телевизијата Ал-Манар, поврзана со Хезболах, изјави дека позицијата на Хамас за сегашниот предлог за преговори е негативна.
Од прес-службата на Хамас подоцна појаснија дека негативната позиција не значи дека преговорите се прекинати.