Македонија
Донев: Инфраструктурната стагнација и масовните дивоградби се лоша слика за Охрид
Инфраструктурната стагнација и масовното појавување дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Објектот кружна раскрсница пред Медицинскиот центар Охрид, кој веќе постои 12 години, не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат во согласност со одобрение за реконструкција?, запраша Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.
Тој прашува дали постои одобрение за реконструкција потпишано од Општината со претходно прибавени согласности од МВР? Дали новата автобуска постојка кај пекарницата „Мартина“ има одобрение, односно дали тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема?
Со која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница на улицата Бистрица? Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант во согласност со аналитиката на МВР? Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип, односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на поединци?
Изведбата на самото место дали е во согласност со одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така?
„Во иднина, ако се случат сообраќајни незгоди со одредени штети на оваа кружна раскрсница, а вие како изведувач на градба и реконструкција немате соодветна документација кој ќе ја сноси одговорноста во однос на штетата на поединци? Дали реконструираните сообраќајни острови се во согласност со проектот и дали островот пред маркетот ‘Випс’ нема да биде црна точка на тој дел? На крајот, дали имате ревизија на проектот и кој е тој и дали имате надзор на изведба и која фирма и овластен надзор е тоа? Оваа власт на СДСМ мора да си замине за Охрид и охриѓани да продолжат со светла иднина“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

