Црна хроника
Кривична пријава против кичевец за перење пари

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Н.Ш. (39) од Кичево, а поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело, при што во периодот од 1.1.2016 до 24.8.2017 година во промет пуштил вкупно 63.845.147 денари или 1.038.132 евра, противправно стекнати парични средства.
Имено, Н.Ш., основач и управител на друштвото „Шејдо транс“ ДООЕЛ Кичево, со намера да стекне противправна имотна корист, во период една и пол година, односно од 1.1.2016 до 24.8.2017 година, во промет пуштал парични средства противправно стекнати од деловни активности на правното лице, без притоа да ги евидентира и уплаќа во целост во дневниот промет од деловните активности на правниот субјект. Воедно, вршел и фалсификување деловни книги и со тоа ја прикривал и намалувал даночната основица врз основа на која се пресметуваат и плаќаат даночните обврски по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок.
Пријавениот со цел противправно стекнатите парични средства да ги скрие од државните даночни органи, од комерцијални банки подигал кредити на негово име како физичко лице, како и на име на уште две лица, вработени во правниот субјект во негова сопственост, а кредитите предвремено биле отплаќани. Исто така, Н.Ш. со намера целокупниот износ на нелегално стекнатите парични средства да ги префрли на трансакциски сметки отворени на негово име во комерцијални банки во државата, извршил и повеќе раситнети трансакции од и кон правното лице „Шејдо транс“, а по негов налог дел од овие средства во износ на 500.000 евра, по наводен основ за вложување во акции и удели, биле префрлени на трансакциска сметка во Австрија отворена на име на правно лице во Австрија, во кое пријавениот се јавува како сопственик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.