Македонија
„Визер – Скопски маратон“ изненадува со секој чекор – нови медали за штафетен маратон, маици и бесплатни групни тренинзи

Во текот на годините „Визер – Скопскиот маратон“ ги соборува сите рекорди во поглед на својата организација. Од 1.249 во првата до над 10.000 тркачи во последната година, од 22 до 58 земји учеснички од целиот свет и безброј иновации и идеи сè со цел да се подобри искуството на секој што ќе стапне на или до патеката.
За 15. јубилејно издание тимот на „Визер – Скопски маратон“, Сојузот на спортовите на град Скопје, посочи дека штафетниот маратон ќе биде со име „Штафетен маратон – ЕУ за спорт“ под покровителството на ЕУ. Ќе бидат организирани бесплатни групни тренинзи, кои ќе ги водат познатите атлетичари Сашо Даневски, Кокан Ајановски и Весна Кираџиева. Повеќе инфо за термините и сите други детали ќе има на официјалната веб-страница и социјалните мрежи.
Сите заинтересирани што сакаат да добијат маица во стартниот пакет ќе мора да се пријават најдоцна до 31 март, по овој датум не следува маица во стартниот пакет. Истиот датум е краен рок и за оние што сакаат нивното име да им биде испишано на стартниот број.
Традиционално, како и минатите години, сите учесници ќе добијат 20 евра вредносен ваучер од насловниот спонзор – „Визер“.
Од Сојузот на спортовите порачуваат дека изминатиот викенд патеката беше измерена од страна на стручно лице на ИААФ и АИМС, со што „Визер – Скопскиот маратон“ го обновува постојниот сертификат за точноста на патеката и таа ги исполнува сите стандарди за исполнување норми за учество на олимписки норми и светски првенства.
Оваа година „Визер – Скопски маратон“ ќе се одржи в сабота, 4 мај 2019 година, и заинтересираните може да се пријават на официјалната веб-страница на http://skopskimaraton.com.mk/ или кај партнерот за онлајн-регистрација https://www.smartrace.club/. „Визер – Скопски маратон“ е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.