Соопштенија
СДСМ: Разоткриена уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, лажна е веста за компанијата „Канабис оне“
Јавноста веќе ја препознава ВМРО-ДПМНЕ како симбол на лажните вести, разоткриена е уште една лага од белиот дворец, велат од СДСМ преку соопштение.
„Последен случај на лажна вест од белиот дворец е за компанијата ‘Канабис оне’ ДОО Струмица за која ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека добила лиценца за одлгедување марихуана. Ова беше демантирано од надлежното Министерството за здравство, кое објави дека посочената компанија не само што нема добиено лиценца туку нема ниту поднесено барање за почнување постапка за добивање лиценца. Цели конструкции и измислени поврзувања ВМРО-ДПМНЕ прави врз основа на невистини и лажни вести. На тоа се сведуваат прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна СДСМ.
Партијата ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер, Христијан Мицкоски, дека треба да знаат оти со пласирање лажни вести и измислени непостојни случаи нема да може да ја добијат довербата на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.
Соопштенија
Трајанов: Гласај за сигурна победа и убедлив резултат
Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија, вели Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.
Тој ги повикува членовите и симпатизерите на ДС, како и сите граѓани без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност, масовно да излезат и да гласаат за кандидатите за градоначалници на Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заокружувајќи го бројот 9.
„Во Скопје со масовно гласање за Орце Ѓорѓиевски (9), ќе ги победиме деструктивните, непринципиелни и подземни коалиции, кои смислено го парализираа градот Скопје. Во вториот изборен круг гласот е и за достоинствена, силна, обединета и европска Македонија“, вели Трајанов.
Соопштенија
Стевчо Јакимовски: Да беше Пинокио, носот ќе му удреше во крстот на Водно!
По вчерашниот настап на Христијан Мицкоски, кој како што вели актуелниот градоначалник на Карпош „повторно се впушти во празни и очајнички лаги“, Стевчо Јакимовски, остро реагира и му порачува: „Да беше Пинокио – носот ќе ти удреше во крстот на Водно!“
„Христијан Мицкоски, по првиот круг на изборите, дојде во Карпош ненајавен, исплашен и во паника.
Меѓу двата круга, не сме се виделе — туку само се слушнавме по телефон, кога лично ми ја даде поддршката.
‘Ме молеше. Ако треба и на колена ќе клекнам, само да ја имам вашата поддршка’ – тоа беа неговите зборови. Јас за свои 65 години таква реченица немам изговорено. Тоа се реплики од турски серии, не од сериозни политичари“, пишува во соопштението на Јакимовски.
„Мицкоски денес зборува за „бетонизација“ и „урбанистички планови“, а во првите триесет дена од мојот мандат немало ниту еден нов урбанистички план, затоа што општината беше со блокирана сметка. А и да му покажев план, што би разбрал од него?
Тој лаже дека дошол да „честита“ победа. Вистината е дека дојде со список од 37 луѓе за вработување, бараше секретар на општината, директор на јавно претпријатие и на училиште, како и урбанистичка маркица за фирма блиска до негов пријател од „Гранит“.
Сето тоа – надвор од било каков институционален ред и закон.
Мицкоски спомнува „пресуда“ – нема никаква пресуда! Постои само политички прогон за барака која денес е пренаменета во простор каде се згрижени деца од градинката „Мајски цвет“. Иронијата е што пресудата ја донесе судијка што ВМРО-ДПМНЕ потоа ја унапреди во претседател на суд!
„Четири пати дојде во мојата општина без ниедна конкретна понуда за граѓаните, освен што се занимаваше со мене. Тоа е крик на очајник и губитник.“
Христијан Мицковки продолжува со лаги затоа што ја чувствува поразеноста, а Карпош одамна го препозна тоа лицемерие. Политика не се прави со закани, молби и лажни сведоштва – се прави со работа, визија и одговорност пред граѓаните“, се наведува во соопштението на Стевчо Јакимовски.

