Култура
„Литера“ – прв саем за детска литература и илустрација во Македонија

Свет на возбудливи приказни, неверојатни илустрации и купишта фантазија и креативност ќе се отвори во Скопје во вториот викенд од април. На 13 и 14 април во Музејот на современата уметност ќе се одржи првиот меѓународен фестивал на детска литература и илустрација „Литера 2019“. Настанот ќе понуди вистинско богатство од содржини за најмладите, но и за сите љубители на неверојатниот свет на детската литература.
„Нашата идеја е барем малку да ги однесеме децата на едно возбудливо патување во свет полн со бои, топлина, искрени насмевки, многу радост и емоции. Веруваме дека ваков настан му е потребен на градот и затоа го организираме со многу ентузијазам и посветеност. Се разбира, една од главните цели е популаризација на квалитетната детска литература и подигнување на свеста за нејзината важност во целокупниот процес на раст и развој на децата“, вели Софија Семенпеева, иницијатор и организатор на фестивалот.
На „Литера 2019“ ќе учествуваат истакнати автори од Македонија, како и гости од Србија, Хрватска и од Грција. Ќе се организираат работилници за најмладите посетители и дебати на низа актуелни прашања, како местото на книгата во дигиталниот свет, улогата на детската литература во интелектуалниот и емотивниот развој на најмладите итн. Ќе се разговара и за квалитетот на детската литература дали и колку е таа застапена кај домашните издавачи.
На настанот ќе бидат презентирани повеќе домашни и странски изданија и ќе учествуваат издавачки куќи што посветено работат во делот на детската литература и илустрација. Особено интересно ќе биде да се види ретроспективната изложба на илустрации за деца од македонски автори. Родителите ќе може да се навратат во своето детство преку илустрациите на истакнатите автори Младен Туниќ, Жарко Туниќ, Орде Маневски, Ацо Цветковски, Ацо Каевски, Мирослав Вељковиќ – Мишо, Томо Шијак, Томче Маневски, Стоилчо Георгиевски – Цоне, Димче Исаиловски, Димитар Божиков – Мичо и многу други.
Идејата е фестивалот да прерасне во традиција и да се позиционира на мапата на светски фестивали посветени на детската литература и илустрација. Влезот на двата фестивалски дена ќе биде бесплатен за сите посетители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.