Македонија
Пожарот под Пелистер е целосно изгаснат, само вчера биле пријавени осум пожари во Битола
Пожарот кој вчера во попладневните часови го зафати атарот на потпелистерското село Ротино е целосно изгаснат. Општина Битола јави дека до доцна во вечерните часови екипите на терен пожртвувано се справувале со огнената стихија, која на моменти, поради силниот ветар, се заканувала да ја зафати и моликовата шума на Националниот парк „Пелистер“.
Командирот на ТППЕ Битола, Костадин Поповски, истакна дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на општина Битола биле пријавени осум пожари, случај што не е евидентиран ниту во најжешките месеци од годината. Според него, само два се евидентирани како пожари предизвикани од запалени стрништа, а другите се претпоставува дека се намерно предизвикани. Општина Битола писмено ќе се обрати до СВР Битола со цел да се преземат соодветни чекори за поголема контрола на терен во согласност со законските прописи.
Пожари имало во селата Жабени и Св. Тодори, во околината на селата Драгожани, Беранци, Цапари и Ротино, месноста Дебел Рид и во градот кај хотелот „Битола“. На терен, покрај 20-те пожарникари со 5 противпожарни возила, учествуваше и едно противпожарно возило од РЕК „Битола“, од Општина Ресен, возила на јавните претпријатија со свои вработени лица, како и вработените во НП „Пелистер“, кои на терен одиграле важна улога во спречувањето пожарот да се прошири кон националниот парк. Во пожарот нема изгорени индивидуални објекти, а гореше папрат и смрека.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

