Македонија
Шахпаска: Иванов е против општество што штити од дискриминација
Иванов е против професионализација на безбедносните служби и општество што штити од дискриминација, изјави денеска пратеничка од СДСМ, Јагода Шахпаска, на прес-конференција во Собранието.
„Со непотпишувањето на указите за рефомските закони, меѓу кои законот за оперативно-техничка агенција и за електронски комуникации, Ѓорге Иванов се потврди како кочничар на реформите и противник на професионалнилизација на безбедносните служби. Освен овие закони, Иванов одбива да го потпише и указот на законот за заштита од дискриминација. Со тоа Иванов се потврдува како промотор на дискриминацијата и противник на професионална Државна комисија за заштита од дискриминација. Како што го почна, така и го завршува мандатот. Иванов е против реформскиот процес, Иванов е против концептот фер општество, кое штити од секаков облик на дискриминација“, рече Шахпаска.
И во последните денови од мандатот, вели Шахпаска, Иванов останува доследен во своето дејствување спротивно на интересите на граѓаните и државата.
„Од сето ова добро е што мандатот на Иванов истекува набргу. На Република Северна Македонија не ѝ се потребни политичари кои се дел од деструктивната матрица на Никола Груевски, како што е Иванов, политичари што сакаат државата да се враќа назад, во изолација и неизвесност“, рече пратеничката.
Додаде дека граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат претседател кој достоинствено ќе ја претставува државата и ќе работи во интерес на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

