Македонија
Димовски на сесија на Советот на меѓународната организација на франкофонијата во Париз

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, учествуваше на 106. сесија на Постојаниот совет на меѓународната организација на франкофонијата, која се одржа на 26 март 2019 година во Париз.
Во своето обраќање државниот секретар Димовски информира активностите за затворање на долгогодишните отворени прашања со соседните земји, кои заедно со реформските активности на внатрешен план го отворија патот на нашата земја кон европските и евро-атлантските интеграции. Во овој контекст изрази очекување подршка од земјите партнери во оваа организација, кои се воедно членки на ЕУ и НАТО, за што побрза ратификација на пристапниот протокол за членство во алијансата и почнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.
Димовски ја реафирмира определбата на нашата земја како полноправна членка на Меѓународната организација на франкофонијата да даде целосен придонес за надминување на економските и политички предизвици на денешницата. Притоа искажа поддршка на тековните активности на оваа организација на планот на превенција и надминување кризи, демократска транзиција и консолидација на мирот.
Воедно, Димовски информира за за тековните активности со кои нашата земја е вклучена во Националната франкофонска иницијатива 2019-2022, која ќе овозможи продлабочување на познавањето на францускиот јазик на стручните кадри во јавната администрација, како и за предлогот за организирање регионален собир за зајакнување статусот на жените франкофони од централна и источна Европа во текот на оваа година во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена, соопшти АМСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од денеска до 11 април во официјална посета на Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)