Свет
Седум лица загинаа во напад на болница во Јемен, вклучувајќи и деца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/Bolnica.jpg)
Седум лица загинаа при ракетниот напад во руралната болница во северозападниот дел на Јемен, вклучувајќи и четири деца, соопшти меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“.
Организацијата, која ја помага болницата, објави дека ракетата била истрелана од бензинска пумпа во близина на влезот во болницата Китаф, која е оддалечена 100-ина километри од градот Саад, објави АП.
Меѓу загинатите се и еден здравствен работник и неговите две деца, како и припадник на обезбедувањето на болницата.
Организацијата го осуди нападот и рече дека тоа е кршење на меѓународното право.
„Невини деца и здравствени работници ги загубија своите животи во неселективен напад врз болницата во густо населена цивилна област“, кажа Сејвес де Детри.
Јеменскиот конфликт почна во 2014 година кога главниот град Сану беше преземен од шиитските бунтовници Хути, поддржани од Иран.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во 2015 година почна борба против Хутите, а илјадници цивили ги загубија животите во воздушните напади на коалицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Полицаец во Германија останал без работа откако украл сирење од превртен камион
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/germanija-policija1-860x675.jpg)
Полицаец во Германија останал без работа откако украл околу 180 килограми чедар од контејнер на превртен камион по сообраќајна несреќа.
На германскиот полицаец, кој беше отпуштен откако украде 180 килограми чедар од камион кој се преврте во сообраќајна несреќа, судот не му дозволи да се жали на пресудата.
Полицаецот, кој требало да го обезбеди местото на несреќата, му наредил на спасувачот да му даде девет пакувања од по 20 килограми сирење, чија вкупна вредност била околу 550 евра.
Тој однел некои од пакетите во својата канцеларија, но на некои пакети му се губи трагата, соопштија од судот во германскиот град Кобленц.
Се верува дека четирите пакети ги чувал за себе или за своите пријатели и роднини.
Полицаецот, кој рече дека не сака ни чедар, ја обжали пресудата.
Свет
Шестгодишно момче случајно испрскало жена додека се сликала на плажа во Романија: го гризнала и му ја набила раката
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/де.jpg)
Шокантен настан се случил на плажата во Наводари, Романија, кога 42-тгодишна жена каснала и изгребала дете затоа што ја испрскало со пиштол за вода.
Имено, жената се налутила бидејќи детето ја плискало на плажата, поради што потрчала по него, а потоа го гризнала за рака.
„Тој само ја испрска, тоа е се. Тоа е се, а госпоѓата го гризна и го изгреба”, раскажала една жена.
Шестгодишното дете во тоа време си играло на плажа под надзор на родителите.
Според очевидци, момчето случајно испрскало жена која се сликала на плажа.
Родителите веднаш го пријавиле настанот во полиција, која излегла на местото и пронашла жена која го каснала детето.
Против жената е поведена кривична пријава поради удирање дете.
Жената не им дала објаснување на полицајците за инцидентот што се случил на плажата.
„На 30 јуни 38-годишен маж ги предупредил службениците на градската полиција Наводари дека неговиот шестгодишен син бил физички нападнат на плажа од непозната жена. Полициските службеници брзо го идентификувале осомничениот дека го сторила кривичното дело, а тоа е 42-годишна жена“, соопштија претставници на окружниот полициски инспекторат Констанца.
Свет
Укината е забраната за користење на зборот „шехид“ на Фејсбук и Инстаграм
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/59a334b1-3dc3-416b-9322-efbf86de69f5.jpg)
МЕТА вчера објави дека ќе ја укине општата забрана за зборот „шехид“ по едногодишно разгледување од нејзиниот надзорен одбор, пишува „Ројтерс“.
Зборот „шехид“ всушност значи маченик, оној кој умрел исполнувајќи верски наредби или за време на војна за религија. Шехидите често се нарекуваат бомбаши самоубијци или терористи кои загинале за време на извршување на терористички чин.
МЕТА е критикувана со години за справување со содржини кои го вклучуваат Блискиот Исток. Студијата од 2021 година нарачана од самата МЕТА покажа дека пристапот на МЕТА има „штетно влијание врз човековите права“ на Палестинците и другите корисници кои зборуваат арапски.
Критиките ескалираа по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври минатата година. Надзорниот одбор ја започна својата ревизија минатата година бидејќи зборот предизвика повеќе отстранувања на содржини отколку кој било друг збор или фраза. Мета е матична компанија на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Ревизијата утврдила и дека правилата на Мета за зборот „шехид“ не ја земале предвид различноста на значењата на зборот и резултирале со отстранување на содржини што не биле насочени кон пофалби на насилни акти.