Македонија
Средба Османи – Кастеланета за стратегијата на ЕУ за Jадранско-јонскиот Регион

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар, оствари средба со делегација од Јадранско-јонската иницијатива предводени од генералниот секретар, Амбасадорот Џовани Кастеланета, при што беа отворени темите за предизвиците и перспективите од членството на земјава во Јадранско-јонската иницијатива, Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот Регион, како и за процесот на европската интеграција на нашата земја.
„Со полноправното членство во Јадранско-јонската иницијатива од мај минатата година на Северна Македонија ѝ е дадена можност заедно со останатите земји членки да придонесе во градењето солидни основи за процесот на европска интеграција, преку активниот придонес во приоритетните области во рамките на оваа иницијатива, како транспортот, туризмот, културата и животната средина“, истакна Османи, при што потенцираше дека очекува соработката во регионалната иницијатива наскоро да резултира и со вклучување на земјава во Јадранско – јонската стратегија на Европската Унија, со што земјава во целост ќе се вклучи во регионалните текови.
„Република Северна Македонија, покрај исклучително големиот успех во адресирањето на отворените политички прашања, во ниту еден момент не дозволи намалување на интензитетот на реформската агенда, со што земјата покажа високо ниво на зрелост и подготвеност за преговори со ЕУ“, истакна Османи, посочувајќи на конкретниот напредок во клучните реформски области – правосудството, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
За време на состанокот соговорниците изразија надеж дека соработката во рамките Јадранско-јонскиот Регион, покрај економскиот развој, ќе овозможи и забрзана интеграција на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, исполнувајќи ги соодветните критериумите за меѓусебно поврзување, размена и соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партијата Левица: На Локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните Локални избори 2025. Сесијата започна со едноминутен молк за жртвите во трагедијата во Кочани.
„Во духот на демократскиот централизам и борбеноста, оваа сесија ја зацврсти позицијата на Левица како единствена автентична и непоколеблива опозициска сила во државата“, велат од партијата.
„На сесијата на ЦК едногласно беше верификуван актуелниот пратеник м-р Сашко Јанчев како нов член на Президиумот на Левица. Во своето обраќање, Јанчев истакна дека народот е алергичен на корумпираните политички елити кои со децении ја злоупотребуваат државата за лични криминални интереси. Властите пробаа сѐ за да ја подјармат Левица – со притисоци, спинови и пари, но не успеаја! Токму тоа, нивниот неуспех да ја направат Левица како нив, е она што најмногу ги плаши.
Централниот комитет усвои политичка рамка за дејствување во наредниот период, со фокус на есенските Локални избори, како фронт за жестока пресметка со режимскиот апарат. Во услови на постојана репресија, изборен инженеринг и клиентелистички октопод кој го гуши секој обид за народна еманципација – Левица ќе настапи бескомпромисно, чесно и организирано, како глас на обесправените и бастион на некорумпираноста.
Времето на калкуланти, опуртинисти, предавници и квазиопозиционери заврши. Борбата продолжува – на улиците, во институциите и на изборните полиња. Со народот, за народот!“, соопшти партијата Левица.
Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар се укинува во 06.10 часот, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонијапат.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремено засилен ветер, претпладне услови за слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.