Свет
Американската компанија „Форд“ ќе затвори три фабрики во Русија
Американската компанија „Форд“ објави дека ќе затвори три фабрики во Русија, откако ќе престане да произведува патнички возила во таа земја.
До крајот на јуни „Форд“ ќе ги затвори фабриките за автомобили во Санкт Петербург и Небережние Челно и фабриката за мотори во Јелабуги.
Во Русија, „Форд“ вработува околу 3.700 луѓе, објави АП.Компанијата соопшти дека пазарот на автомобили во Русија бавно се созема по повеќегодишната криза и се движи кон поевтини возила.Во Русија, „Форд“ ќе се фокусира исклучиво на комбето ,,Транзит”.
Со години, „Форд“ го намалуваше производството во Санкт Петербург поради слабата побарувачка на пазарот.Минатата година „Форд“ имаше раст од 6 проценти во продажбата во Русија, со продадени 53.234 возила.Во првите два месеца од годинава, во споредба со истиот период во 2018 година, забележан е пад на продажбата од 45 отсто, од 7.566 на 4.168 возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

