Регион
Босанец го фрлил новороденчето во бездна, сопругата го сокрила убиството
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/Majka_u_BiH_izvela_djecu_iz_auta_kako_bi_otac_mogao_ubiti_bebu._Dobila_14_godina_-_Index.hr_-_2019-03-27_20.52.40.jpg)
Кантонскиот суд во Мостар денеска ја осуди на 14 години затвор мајката којашто призна дека е виновна за убиството на своето новородено дете. Претходно, нејзиниот сопруг, исто така, се изјасни за виновен за убиство, а судот го осуди на 15 години затвор.
Случајот беше обелоденет минатата година. Таткото дошол во болница во Мостар на почетокот на септември минатата година, за да ги земе сопругата и новороденото бебе. Со него во болницата биле и нивните две малолетни деца.
Откако заедно со возилото се упатиле кон Читлук, со намера да го убијат новороденчето, сопругот го запрел автомобилот кај Кобиловац. Неговата сопруга ги изнела децата од автомобилот за да не видат што ќе стори нивниот татко и се одалечила со нив. Таткото ја зел носилката со бебето од задното седиште на автомобилот и ја фрлил во бездна.
Потоа четворицата со автомобилот се упатиле кон Мостар. Случајот беше откриен на 12 септември минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/santorini.jpg)
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 9.16 часот во Грција, на Санторини каде е прогласена вонредна состојба по серијата силни земјотреси кои со денови го потресуваат, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно, земјотрес со јачина од 3,4 степени беше регистриран во 8.33 часот. а две минути пред тоа земјотрес со јачина од 3 степени. Истата магнитуда на земјотресот е забележана и во 7.54 часот. И нешто по 19 часот земјотрес со јачина од 3,4 степени.
Од полноќ на Санторини се регистрирани повеќе од 20 земјотреси.
Регион
Вучиќ: Имаме речиси пет милијарди евра на сметка, БДП годинава достигнува 90 милијарди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/александар-вучиќ-2.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија во моментов има речиси пет милијарди евра на сметката, што е цифра што на сметките ја немаат ни земји 10 пати поголеми од нив.
„Во изминатите 12 години го зачувавме мирот, имавме целосна стабилност. Имавме најголем раст во историјата на Србија, сакале или не – од 32 милијарди бруто домашен производ тогаш, оваа година ќе завршиме со 89-90 милијарди“, рече Вучиќ за време на разговорот со граѓаните.
Тој посочи дека Владата се обидела на сериозен начин да ја заштити јавната каса, наведувајќи дека „секогаш имаме пари за инвестирање и секогаш можеме да им помогнеме на оние на кои тоа им е најпотребно“.
Регион
Во Црна Гора два дена бојкот на трговските синџири. „Сложно, обединето, упорно“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/351dabcb-2224-4269-8026-3b31590d6e8b.jpg)
Во Црна Гора денеска почна дводневен бојкот на малопродажните синџири поради високите цени, на кој повика невладиното здружение „Алтернатива“.
„Се повикуваат жителите на Црна Гора денеска и утре да не пазарат во големите продавници, туку доколку мораат, да пазарат во мали продавници со најмногу десет вработени.
Секојдневно сме сведоци на невидени поскапувања на основните производи, додека сопствениците на големи синџири акумулираат профит на сметка на народот“.
Истото невладино здружение минатиот петок организира бојкот на продавниците во Црна Гора кога, според Даночната управа на Црна Гора, петте најголеми трговски синџири забележаа пад на прометот од 56,14 отсто.
Минатата недела повеќето жители на северниот дел на Црна Гора се одѕваа на повикот за бојкот на големите продавници, а одѕивот беше нешто помал во централниот и јужниот дел на Црна Гора.