Црна хроника
Сува трева и шума изгореа во пожарите на неколку локации
Сува трева и шума изгореа во пожарите кои вчера беа активни на неколку локации во земјава. Како што информира полицијата, вчера во Полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на село Покрвеник, Ресенско, настанал пожар во кој била опожарена сува трева. Околу 18.30 часот пожарот се проширил кон националниот парк „Галичица“. Екипи на Територијалната противпожарна единица Ресен преземаат мерки за гасење на пожарот. За пожарот е известен Центарот за управување со кризи.
Во СВР Скопје било пријавено дека покрај патот кој води кон село Раовиќ, Скопско, избувнал пожар при што горела сува трева и нискостеблеста шума на околу 1 000 метри квадратни. Во 11.20 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.
Во Полициската станица за граничен надзор Рогачево било пријавено дека покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, во близина село Старо Село, настанал пожар во кој горела нискостеблеста шума и други видови шумска маса, со тенденција да се прошири во повеќе правци поради силен ветер. За пожарот биле известени Територијалната противпожарна единица Тетово и Центарот за управување со кризи. Се преземаат мерки за гасење на пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

