Свет
Руската пацифистичка флота почна долго патување
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/ruska-flota.jpg)
Група од три воени бродови на руската пацифичка флота тргна на долго патување по Тихиот Океан, рече денеска портпаролот на источниот воен дистрикт, Николај Воскресенски.
Големите антиподморнички воени бродови „Адмирал Виноградов” и „Адмирал Трибјутс” и средниот танкер „Иркут” заминаа од Владивосток на долго патување, објавија ТАСС.
Воените бродови ќе посетат неколку земји во Азиско-пацифичкиот Регион и ќе учествуваат во заедничката руско-кинеска поморска вежба 2019 година, се вели во соопштението.
Руската и кинеската морнарица ќе спроведат заедничка поморска вежба кон крајот на април, односно почетокот на мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
ИДФ издаде нова наредба за жителите на Газа: Евакуирајте се
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/gaza1.jpg)
Израелската армија издаде нова наредба за евакуација на Палестинците кои живеат во Појасот Газа.
Наредбата се однесува на жителите на населбите Сабра, Тел ал Хава, Римал и Дарај, пренесе „Ал Џезира“.
На жителите им беше наредено да се упатат кон хуманитарната зона лоцирана во Ал Малави, област на јужниот крај на Појасот Газа, која претходно беше нападната од израелската армија.
Последната наредба за евакуација доаѓа откако израелските вооружени сили ги засилуваат нападите врз Газа.
Утринава израелската армија почна нови напади во јужните и западните делови на градот Газа, додека продолжи да врши притисок врз источниот кварт Шуџаеи.
Свет
Бројот на загинати во рускиот напад се искачи на 31 лице
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-08-160716.jpg)
Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Последните извештаи говорат дека 17 лица се убиени во главниот град Киев, од кои две во детска болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.
Руското Министерство за одбрана денеска ги отфрли наводите на Киев за намерен напад на руските сили врз цивилни цели нагласувајќи дека групниот напад врз воени цели во Украина е одговор на обидот на Киев да ги оштети руските енергетски и економски капацитети.
Европа
Полска ги подигна борбените авиони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/voeni-avioni-polska.jpg)
Полска ги подигна борбените авиони за да го заштити својот воздушен простор откако Русија го изврши најсмртоносниот напад оваа година врз Украина.
Авионите беа лансирани откако руските авиони „повторно почнаа да испалуваат проектили кон Украина“, соопшти полското воено воздухопловство на мрежата Икс.