Забава
НАСА ги објави најдобрите три дизајни за домови на Марс

НAСA презеде уште еден чекор за да го направи меѓупланетарното живеење реалност избирајќи тројца финалисти за најдобар дизајн за домови на Марс. Предизвикот наречен 3D-Printed Habitat почна во 2015 година, и задолжението беше да се дизајнираат засолништа погодни за живот на Месечината, Марс и пошироко.
За четвртото ниво на третата фаза од натпреварот, 11 тима беа замолени да создадат преглед на своите дизајни во целосна големина користејќи софтвер за моделирање и кратки видеа со објаснување на нивниот избор. Секој модел беше оценет од архитектонски аспект и естетика, како и за изводливоста на нивната конструкција и приспособливост.
Тимот SEArch + Apis Cor од Њујорк го освои првото место со нивната уникатна извртена структура, која има мали дупки за да пропушти природна светлина.
Тимот на Zoperhous го освои второто место, а Mars Incubator – група инженери и уметници, покажа модуларен дизајн кој се состои од четири простории, вклучувајќи и една за одгледување растенија, со што го освои третото место. Трите тима поделија награда од 100.000 долари. Во следниот круг финалистите ќе се натреваруваат да освојат награда од 800.000 долари.
Конкурсот е само дел од последните случувања во мисијата на НАСА за да испрати луѓе на Месечината и на Марс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Брзо ќе ве преболат: хороскопски знаци кои не патат по раскинување на љубовна врска

Раскинувањата за многумина се тежок и болен процес, но некои хороскопски знаци се познати по тоа што брзо се опоравуваат и се насочуваат кон нови искуства. Наместо да се задржуваат во минатото, тие продолжуваат напред – полни со енергија и подготвени за нови прилики. Според астрологијата, овие три знаци најбрзо закрепнуваат по прекин на врска:
Овен
Овните не губат време на тажење – нивната природна желба за движење и авантура ги тера напред. Кога раскинувањето ќе стане реалност, тие многу брзо наоѓаат нови активности и луѓе со кои го исполнуваат своето секојдневие. Наместо да останат заробени во минатото, тие се фокусирани на тоа што доаѓа.
Стрелец
Стрелците се познати по својот слободоумeн дух и желбата за истражување. За нив, раскинувањето не е крај, туку можност за нов почеток. Брзо наоѓаат смисла во нови искуства – преку патувања, дружења или учење нешто ново, па затоа тагата им трае пократко отколку кај повеќето други знаци.
Водолија
Водолиите често се однесуваат кон емоциите рационално и со доза дистанца. Кога ќе дојде до раскин, тие го доживуваат како природен тек на нештата, а не како трагедија. Нивната ориентираност кон иднината и иновативните идеи им помагаат брзо да се одвојат од минатото и да продолжат понатаму без преголемо жалење.
Забава
Жената која на лажниот Бред Пит му дала 800.000 евра ги покажа пораките што ѝ ги праќал

Француската дизајнерка на ентериери, Ан Деноушател (53), дојде на насловни страници низ целиот свет откако откри дека на измамници кои се претставувале како Бред Пит им дала повеќе од 800.000 евра. Во својата нова книга Je ne serai plus une proie („Нема повеќе да бидам плен“) открива детали за измамата, но и шокантен заклучок – ѝ е драго што сè се случило бидејќи тоа довело до нејзиниот развод од сопругот.
Почеток на онлајн романса
Деноушател раскажала дека била осамена и заробена во несреќен брак со „себичен и манипулативен милионер“ кога на Инстаграм добила порака од личност која се претставила како мајка на Бред Пит. Наскоро започнала разговор и со „лажниот глумец“ преку Телеграм, а таа, како што вели, станала „зависна“ од тие разговори и живеела во „целосна илузија“.
Кога измамникот почнал да бара пари, таа се чувствувала сакана, нешто што ѝ недостасувало во бракот.
„Мојот сопруг ме доведе во непријатна ситуација. Ми рече дека треба да бидам задоволна што сум негов трофеј. Повеќе немав никаква независност. Во еден момент, изгледаше полесно да му помогнам на ‘Бред’ отколку да си помогнам себеси“, изјавила за францускиот „Ле Монд“.
Љубовни пораки и понуда за брак
Со месеци разменувале интимни пораки. Тој наводно ѝ се доверувал за својата зависност од алкохол, за осаменоста и разводот од Анџелина Џоли, а таа му раскажувала за проблемите со сопругот. Деноушател вели дека се чувствувала како на „продолжен меден месец“ додека лажниот глумец ја опсипувал со романтични пораки, љубовни песни, па дури и понуда за брак.
„Моја кралице“, ѝ пишувал. „Ти си сè што имам. Те обожавам. Душо, толку многу те сакам.“ Поради интензивната врска што се развила, таа вели дека се одвоила од реалноста. „Се одвоив од својата вообичаена реалност за да живеам целосна фантазија. Се чувствував како да сум конечно своја.“
Како изгубила повеќе од 800.000 евра
Во текот на 14 месеци, од април 2023 до јуни 2024 година, му префрлила повеќе од 800.000 евра. На почетокот парите биле за наводни царински трошоци за подароци кои тој ѝ ги купил, а кои никогаш не стигнале. Подоцна плаќала огромни болнички трошоци, бидејќи ја убедил дека боледува од рак на бубрезите и дека му е потребна трансплантација.
Тој тврдеше дека неговата банкарска сметка е замрзната поради бракоразводна постапка. Испраќал и фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, на кои наводно се гледа како лежи во болнички кревет. Во еден момент „Бред“ паднал и во кома, поради што таа морала да плаќа и пенали на холивудско студио, бидејќи било одложено снимањето на неговиот нов филм.
Развод од сопругот
Измамената жена конечно престанала со уплатите откако добила барање за речиси 15.000 евра за приватен авион. Емоционално исцрпена и изолирана од семејството и пријателите, случајот го пријавила во полиција. Истрагата открила дека зад измамата стојат тројца мажи од Нигерија.
Откако нејзината приказна излегла во јавност, измамниците последен пат ѝ се јавиле. „Љубов, мојата сметка на Телеграм ја хакирале измамници. Сега ќе направам сè за да ја обезбедам нашата безбедност.“
„Искрено ми е жал ако моето невнимание ја предизвика оваа ситуација“, стоело во пораката.
Иако останала без пари и завршила на психијатриско лекување, Деноушател вели дека разводот од сопругот е „единствената позитивна работа“ што произлегла од оваа болна измама.
Прочитај и: Се претставил како Бред Пит и побарал пари за лекување: му уплатила 830.000 евра
Забава
(Фото) На 50 години таа има лице и тело како девојка: во што е тајната?

Актерката Елса Патаки неодамна присуствуваше на настан за лансирање на брендот Biotherm во Мадрид. Сопругата на Крис Хемсворт е амбасадор на гореспоменатиот бренд, па затоа не е изненадување што таа беше заштитно лице на настанот.
За таа пригода, таа избра едноставна бела креација која ласкаше на нејзината завидна фигура, со асиметричен крој, длабоко деколте и отворени рамена.
За да го разбие монохроматскиот изглед, таа додаде потпетици со отворени прсти во боја на праска кои ги истакнуваа нејзините витки нозе.
Бидејќи е природно убава, немаше потреба од многу шминка, па актерката се одлучи за земјени тонови кои само малку ги истакнуваа нејзините црти.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја остави слободно да паѓа по грбот, а како додатоци додаде едвај забележливи обетки и нараквици.
Покрај нејзината модна комбинација, најголемо внимание на јавноста привлече младешкото лице, што го поставува прашањето – како го прави тоа?
Во интервју за „Harper’s Bazaar“, шпанската убавица еднаш призна дека клучот за нејзиниот успех е: физичка активност, правилна исхрана и „ментална кондиција“.
Што се однесува до нејзината рутина за убавина, Елса се труди да ја одржува едноставна и минимална, а да не вклучува многу производи за нега на кожата.
Еве што таа практикува:
- Соодветно чистење и миење со ладна вода
- Хидратација на кожата проследена со масажа на лицето
- И на крај, зелен чај
фото: принтскрин