Македонија
,,Цесната” се урнала на непристапен терен, нема услови за нејзино извлекување

,,Цесната” што се урна вчера на Солунска Глава, при што загина семејство од Бугарија, се наоѓа на непристапен терен и засега нема услови да се извлече. Локацијата е целосно обележана, а експерти од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења на МВР и од Комитетот за истражување воздухопловни несреќи и сериозни инциденти ќе ги вештачат остатоците од авионот, со цел да се утврдат причините за авионската несреќа.
Како што информираат од обвининителството, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции утрово извршиле увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион од типот „цесна“ со четворица патници.
Притоа, по наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите патници ќе се врши обдукција од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.
Четиричлено семејство од Бугарија загина во авионска несреќа кај Солунска Глава кога мал авион од типот „цесна“ падна за време на на летот од Охрид за Софија. Како што пренесоа дел од бугарските медиуми, станува збор за бугарските државјани Георги Бошнаков, неговата сопруга Калина и двете ќерки.
Попладнето авионот се изгубил од радарскиот систем западно од Солунска Глава, а два полициски хеликоптера биле вклучени во потрагата по него. Остатоците од урнатата „цесна“ биле лоцирани на непристапен терен и голема височина, а поради лошите временски услови, потрагата беше прекината.
Бугарските медиуми објавија аудиоснимка од дијалогот што го воделе контролорите во Македонија и пилотот кој управувал со авионот „цесна“, кој вчера се урна кај Солунска Глава.
Според снимката, таткото на семејството, Георги Бошнаков, стапил во контакт со контролорите, откако почувствувал турбуленции додека управувал со леталото. Во еден момент контролорот го прашува Бошнаков дали сè уште има турбуленции, а тој вели дека нема, но дека има голем облак низ чиј процеп може да ја види земјата.
Пилотот на авионот што вчера се урна во регионот на Солунска Глава се соочил со лоши метеоролошки услови и 20-тина минути по полетувањето се обидел да се упати кон аеродромот во Скопје. Но, од засега неутврдени причини се урнал, пренесува бугарскиот портал „24 часа“.
49-гoдишниoот Гeоpги Бeшнoков и неговата сопруга Калина (47), како и Гергана и Билјана, на возраст од 14 и 18 години, се наоѓале во ,,цесната” кога се случила несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја две улици во Илинден и Волково

ЕВН Македонија АД известуваат дека на денес без електрична енергија ќе останат:
· од 08.30 до 12.30 часот, корисниците на улица бр. 27 во нас. Илинден. (Општина Илинден)
· од 09.00 до 11.00 часот, корисниците на улица бр. 33 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на оваа седмица ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоистоичен правец.
Македонија
Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се гаснат, додека шест се целосно изгаснати.
Активните пожари се лоцирани во различни делови на земјата. Еден од нив е во Националниот Парк Јасен во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума. Друг пожар е пријавен во село Теарце, општина Теарце, каде што се гори ниска вегетација. Во општина Сарај, во село Радуша, исто така се активни пожари кои зафаќаат сува трева и мешана шума. Четвртиот активен пожар е во општина Кичево, на потегот помеѓу селата Челопејци и Миокази, каде исто така гори мешана шума, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежните служби постојано апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите препораки и забрани за палење оган на отворен простор, со цел да се спречи ширење на пожарите и да се заштитат природните ресурси.