Свет
Етиопија го објави прелиминарниот извештај за падот на „боингот 737 макс“

Етиопскиот министер за транспорт, Дагмавит Могес, објави дека авионот „боинг 737 макс“ на „Етиопиан ерлајнс“ бил во добра состојба пред трагедијата, пренесува „Спутник“.
„Екипажот ги спровел сите процедури кои постојано ги дава производителот, но не можел да го контролира авионот. Во извештајот издаден од инспекторите се повикува ‘Боинг’ да ги провери системите за контрола на моделот ‘макс 737′”, додаде Дагмавит на прес-конференцијата во Адис Абеба.
Според министерот, конечната изјава за катастрофата ќе биде објавена од страна на истражителите во рок од една година.
Претходно денес „Еј-би-си њуз“ објави, цитирајќи извори блиски до истрагата, дека погрешните податоци и активирањето на системот против изненаден прекин на работата на моторите на паднатиот авион „737 макс“ би можеле да бидат предизвикани од оштетување на сензорот предизвикано од некоја птица или туѓ објект по полетувањето.
Авионот на „Етиопијан ерлајнс“ падна во близина на главниот град на 10 март, при што загинаа 157 лица, што доведе до голема истрага и приземјување на моделот на „737 макс“ во цел свет.
Бројни извештаи сугерираат дека дефект во системот против изненаден прекин на работата на моторите на авионот ја предизвикал трагедија, исто така забележувајќи сличности со падот на летот 610 на „Лајонер“ во октомври 2018 година во Јаванското Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.