Контакт

Свет

Јапонија со протест до Русија поради стрелачките вежби на Курилските Острови

Објавено пред

Јапонската влада изрази протест до Русија во врска со серија вежби со стрелање на руската војска што се спроведуваат во јужниот дел на Курилски Острови, изјави за ТАСС јапонското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

„На 2 април протестиравме преку дипломатски канали. Ова е неприфатливо зашто го засега зајакнувањето на руското воено присуство на четирите северни острови (она што Токио го нарекува јужниот дел на Курилските Острови н.з.) и е во спротивност со нашата позиција во однос на овие острови”, се вели во соопштението на јапонското МНР.

Претставникот на министерството изјави дека протестот бил пренесен на состанокот на заменик-министерот за надворешни работи на Јапонија, Такео Акиба, и првиот руски заменик-министер за надворешни работи, Владимир Титов, на 2 април во Токио. Покрај тоа, истиот ден сличен протест бил пренесен и до руското МНР преку јапонската амбасада во Москва.

Од Русија посочуваат дека ја известиле Јапонија оти вежбите ќе се одржат на 4 и 5 април и од 8 до 12 април во делот на островот Итуруп.

Токио постојано протестира поради воените вежби со стрелање, а како одговор на тоа, Министерството за надворешни работи на Русија изјави дека честите жалби од јапонските дипломати во Русија не придонесуваат за формирање позитивни билатерални односи.

Свет

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето предизборно ветување за поголема транспарентност за кобниот настан во Тексас.

dobivaj vesti na viber

Првата серија електронски копии од документите се појави на веб-страницата на Националниот архив на САД, а повеќе од 80.000 се очекува да бидат објавени откако адвокатите на Министерството за правда со часови ги прочистуваа.

Дигиталните документи, вклучувајќи ги и претходно доверливите белешки, нудат поглед на атмосферата на страв што ги карактеризираше американските односи со Советскиот Сојуз набргу по кубанската ракетна криза во 1962 година, која речиси доведе до нуклеарна војна.

Објавувањето на документите сè уште веројатно ќе ги заинтригира луѓето кои долго време биле фасцинирани од драматичниот период во историјата, атентатот и самиот Кенеди.

Многу од документите се однесуваат на работата на истражителите кои се обидоа да дознаат повеќе за времето кое атентаторот Ли Харви Освалд го поминал во Советскиот Сојуз, и да ги следат неговите движења во месеците пред атентатот на Кенеди во Далас на 22 ноември 1963 година.

Првичниот преглед на материјалот не покажа отстапување од официјалната верзија на настаните.

Министерот на Трамп, за здравство, Роберт Ф. Кенеди помладиот, син на Роберт Кенеди и внук на Џон Ф. Кенеди, рече дека верува дека ЦИА била вклучена во смртта на неговиот чичко, обвинување кое агенцијата го отфрли како неосновано.

Џек Шлосберг, внукот на ЏФК, вчера на социјалната платформа Икс напиша: „Администрацијата на Трамп не предупреди никого во семејството на претседателот Кенеди за објавувањето“.

Фредерик Логевал, професор по историја на Харвард, кој напиша книга за ЏФК, изјави за Ројтерс дека новите документи би можеле да ја комплетираат сликата за атентатот.

„Важно е кога ќе ја добиете целата документација, идеално во нецензурирана форма. Сепак, не очекувам драматични нови откритија кои суштински ќе го променат нашето разбирање за настаните“, напиша тој.

Објавените документи се достапни на следниот ЛИНК.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Астронаутите кои поминаа месеци на Меѓународната вселенска станица слетаа во морето, опкружени со делфини

Објавено пред

По успешно слетување во морето, вселенското летало „Драгон“ било опкружено со група делфини, јавува Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Астронаутите на НАСА, Суни Вилијамс и Буч Вилмор, се спуштија во морето во близина на Талахаси, Флорида, по девет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица. Со нив слетале и астронаутот на НАСА Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов.

Неколку минути по слетувањето, делфините пливаа околу леталото. Коментаторите на НАСА се пошегуваа дека се почесни членови на спасувачкиот тим.

Прикажи повеќе...

Европа

Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Објавено пред

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари и бизнисмени, како дел од истрагата за корупција, објави порталот Сабах.

dobivaj vesti na viber

Советникот за медиуми на градоначалникот Мурат Онгун во раните утрински часови денеска на социјалната платформа Икс напиша дека Имамоглу е приведен, за што не се наведува причина.

Имамоглу на Икс рече дека стотици полицајци се надвор од неговата куќа, додавајќи дека тој нема да се откаже, туку ќе се исправи пред притисокот. Според снимките во живо од Си-Ен-Ен Турк, десетици припадници на интервентната полиција биле пред куќата на Имамоглу. Полицијата го претресува неговиот дом како дел од истрагата, објави телевизијата.

Истанбулскиот универзитет вчера објави дека поради нерегуларности му ја поништил дипломата на Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нанесувајќи и удар на опозицијата, која во наредните денови требаше да го избере за претседателски кандидат.

Без универзитетска диплома, градоначалникот на Истанбул од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) не може да се кандидира за претседател. „Ќе ја однесеме оваа незаконска одлука на суд и ќе се бориме против неа“, рече тој, додавајќи дека одлуката на Универзитетот е незаконска.

Владата на Ердоган негира дека врши политички притисок врз судовите и тврди дека судството е независно. Одлуката е донесена во контекст на зголемената правна репресија против опозициските политичари, особено Имамоглу, против кого се покренати неколку обвиненија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето...

Европа1 час

Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари...

Европа1 час

Путин во рекорден рок го прекрши договорот со Трамп за ограничено примирје, објавија Украинците

Русија и Украина рано утринава се обвинија меѓусебно за воздушни напади кои предизвикаа пожари и оштетена инфраструктура само неколку часа...

Регион1 час

Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека неговата земја е изложена на „месеци на терор“ и ги нарече разговорите меѓу лидерите...

Македонија11 часа

(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија...

Македонија14 часа

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во...

Македонија15 часа

Митева: Во Скопје само 2 објекти од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре...

Македонија15 часа

Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели...

Македонија15 часа

Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани, информирше Тошковски

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се...

Македонија20 часа

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија20 часа

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија21 час

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија21 час

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија21 час

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија22 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија24 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион1 ден

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија1 ден

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион1 ден

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија1 ден

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...