Македонија
Арсосвки: За ЕУ се потребни реформи, а не продажба на националните интереси
Голема е веројатноста Република Македонија да не ги почне преговорите за влез во ЕУ во јуни, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој рече дека ова вчера лично го признал и премиерот Зоран Заев.
„Човекот кој ветуваше дека државата ќе ги почне преговорите за ЕУ во јуни, сега вели дека лани во јуни во Брисел не му било кажано дека со сигурност ќе ги почнеме преговорите како држава, туку дека можеби истите ќе бидат почнати, ако ги исполниме реформските чекори. Така е тоа кога коруптивните зделки и тендери и непотистичките вработувања и грантови и тендери имаат приоритет пред реформите на државата кои се предуслов за во ЕУ. Зоран Заев вчера ги потврди тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ од претходно дека за влез во ЕУ се потребни реформи, а не продажба на националните и државните интереси и личниот интерес на картелот на власт“, рече Арсовски.
Опозицијата обвини дека нема реформи, а повеќе од две години владата на СДСМ не прави ништо конкретно и суштинско во државата.
„Судството е политизирано, администрацијата партизирана, економската политика е оцената со нула од германските стопанственици. Сè на сè, реформите на оваа власт се нула, а економијата оди во минус. Република Македонија не може да се придвижи ниту милиметар кон ЕУ, сè додека рускоска-обвинителството извршува, а кацарска-судството пресудува, нарачки коишто доаѓаат директно од Зоран Заев, кој ги предвидува и претскажува сите пресуди“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

