Македонија
Џафери во неколкудневна работна посета во Катар
Делегација на Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од денеска до 10 април во Доха, Катар.
Делегацијата ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери, а со него во работна посета зминуваат Диме Велковски, Јован Митрески, Димитар Стевананџија, Ејуп Алими, Африм Гаши и Јулиана Николова, членови на делегацијата, и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија.
Се очекува на ова Собрание на ИПУ да учествуваат околу 1.600 претставници од над 160 земји членки на Унијата, како и повеќе од 80 претседатели на парламенти.
Главна тема за дискусија на 140. Собрание на ИПУ е „Парламентите како платформи за подобрување на образованието за мир, безбедност и владеење на правото“. Комисиите на ИПУ ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: недопустливоста за користење платеници како средство за поткопување на мирот и кршење на човековите права; улогата на правичната и слободна трговија и инвестициите во реализацијата на Целите за одржлив развој (ЦОР), особено во полето на економската еднаквост и одржливата инфраструктура, индустријализација и иновација; постигнување универзално здравствено покривање до 2030 година – улогата на парламетите за гарантирање на правото на здравје; парламетарно следење на ЦОР и сл.
Во рамките на 140. Собрание ќе се одржат и седници на Форумот на жени парламентарки, Форумот на млади парламентарци и Здружението на генерални секретари на парламенти.
Интерпарламентарната унија, основана во 1889 година, е најстарата мултилатерална политичка организација и најголемата меѓупарламентарна асоцијација, во која членуваат 178 национални парламенти и 12 меѓународни парламентарни собранија. Светската организација на парламентите со седиште во Женева има статус на постојан набљудувач во Организацијата на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

