Свет
Претставничкиот дом ќе го тужи Трамп поради оградата со Мексико
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе го тужи претседателот на САД, Доналд Трамп, за да го спречи да потроши милијарда долари на изградба на оградата на границата со Мексико. Ова го соопшти претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, која истакна дека целта на тужбата е на Трамп да му се оневозможи да украде милијарда долари од федералните програми, пренесе АП.
Поднесувањето на тужбата против Трамп беше навестена кога тој прогласи вонредна состојба на границата со Мексико, што му овозможи без одобрение на Конгресот да го финансира подигнувањето на оградата.
Одлуката за прогласување вонредната состојба Пелоси ја нарече срамна, истакнувајќи дека земањето пари од различни федерални програми ја поткопало американската демократија.
Конгресот ја поништи одлуката за прогласувањеа вонредна состојба на границата со Мексико, но Трамп на тоа употреби вето, па мерката остана на сила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украина и нејзините сојузници ќе работат на план за прекин на огнот во наредните денови
Украина и нејзините сојузници се согласија да работат на план за прекин на огнот во следните десет дена, изјави претседателот Володимир Зеленски за „Аксиос“ по предлогот на американскиот претседател да се запре војната на сегашните граници.
„Неколку брзи точки како план за прекин на огнот. Одлучивме дека ќе работиме на тоа во следната недела или десет дена“, изјави украинскиот лидер за „Аксиос“ во интервју објавено во понеделникот.
Зеленски додаде дека Украина, за да изврши притисок врз Русија за разговори, бара од американската администрација не само ракети „томахавк“ туку и слични работи што не бараат долгорочна обука, пренесува „Ројтерс“.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп подложен на преглед со магнетна резонанција: „Беше совршено“
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделникот изјави дека бил подложен на магнетна резонанција, без да каже зошто.
„Беше совршено“, им рече тој на новинарите во авионот „ер форс уан“ на пат кон Токио.
Магнетната резонанција користи магнети и радиобранови за да создаде детаљни слики од внатрешноста на телото. Може да се користи за следење голем број состојби.
Порано овој месец, како што анализираат медиумите, лекарот на американскиот претседател изјави дека по медицинската процена, се утврдило дека Трамп е во „исклучителна здравствена состојба“.
Во јули Белата куќа откри дека Трамп имал оток во долниот дел на нозете и модринки на десната рака откога фотографиите го покажаа претседателот со отечени глуждови и шминка што го покрива засегнатиот дел од раката.
Фото: принтскрин
Свет
Дипломатите на Европската Унија лути на Мерц поради Украина
Дипломатите на Европската Унија сметаат дека статијата на германскиот канцелар Фридрих Мерц во „Фајненшл тајмс“ сериозно го отежнала обезбедувањето заеми за Украина од средства од замрзнати руски средства, објавува „Еурактив“.
Според публикацијата, Европската Унија се обидела итно да обезбеди нов кредитен пакет за Киев, но процесот бил блокиран откога Мерц јавно ја презентирал својата иницијатива. „Поради статијата на Мерц во „Фајненшл тајмс“ минатиот месец, ситуацијата почнала да се развива во неочекуван правец уште од самиот почеток“, се наведува во статијата повикувајќи се на изјавите на европските дипломати.
Еден од изворите на „Еурактив“ проценил дека прашањето за користење руски средства требало да се реши дискретно, зад затворени врати, а не јавно, како што направил германскиот канцелар.
На 25 септември Мерц презентира предлог во британскиот весник „Фајненшл тајмс“ за развој на механизам со кој на Украина ќе ѝ биде доделен заем од 140 милијарди евра, финансиран од замрзнати руски средства. Според неговата идеја, тој заем би бил вратен само кога Русија ќе ја надомести штетата на Украина, а средствата би останале блокирани сè додека Европскиот совет не донесе поинаква одлука.
Сепак, како што е оценето во дипломатските кругови, оваа иницијатива не само што предизвика поделба меѓу членовите туку и го отежна постигнувањето консензус за нов финансиски пакет за Киев.
Фото: принтскрин

