Контакт

Археологија

Во Израел откриенa населба стара 2 000 години

Објавено пред

Археолозите во градот Бер Шева на југот на Израел открија еврејска населба стара 2 000 години.

dobivaj vesti na viber

Во текот на ископувањата на местото на населбата во пустински регион Негев, меѓу другото, се пронајдени делови од ламба на која е насликана менора со девет краци, објавија денеска Универзитетот Бен-Гурион и израелскиот Завод за антиквитети.

„Ова е веројатно еден од најстарите досега откриени уметнички прикази на менора со десет краци”, изјави Петер Фабијан од Универзитетот Бен-Гурион.

„Подрачјето на ископувањата од околу 2 000 квадратни метри ги опфаќа основите на голема набљудувачка кула, погони за печење, древни отвори за отпад и подземниот систем, кој веројатно се користел за ритуално капење.

Постојат и знаци на оган од 70 година пред нашата ера, пред првото еврејско бунтување против римската влада.

Научниците претпоставуваат дека постојат уште тунели под местото на археолошките истражувања, можеби од времето на бунтот на Бар Кохба против Римскиот Царство во 135 година пред нашата ера.

Археологија

Костадиновска-Стојчевска во посета на Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик во најрепрезентативниот објект, Теодосијанската палата

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше во посета на археолошкиот локалитет Стоби, каде што се запозна со најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град.

dobivaj vesti na viber

Од Националната установа Стоби ја информираа министерката за најновото археолошко откритие – нов мозаик, а како што најавија археолозите, деталите за мозаикот, кој се наѕира во една од просториите и е поставен како централно правоаголно поле, ќе ги откријат деновиве.

Археолозите информираат дека со сигурност се знае дека имаме ново откритие во репрезентативниот објект, кое, според првичните наоди, претставува нов, неоткриен бисер на античкиот град, кој е културно наследство и локалитет од особено национално значење.

„Ова откритие е резултат на заштитно-археолошките истражувања, кои се во функција на конзервација на Теодосијанската палата за чија конзервација, Стоби, во соработка со Фондацијата ‘Балканско наследство’ од Бугарија, доби грант од прочуената амириканска филантропска организација ‘Каплан фонд’. Ова се резултати на еднодецениска соработка на Стоби со овие фондации“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Од НУ Стоби информираа дека во рамките на грантот од „Каплан фонд“, во вредност од 300.000 долари за конзервација на Теодосијанската палата во Стоби, годинава се изработуваше основен конзерваторски проект за архитектурата, како и основен конзерваторски проект за мозаичните подови на овој луксузно декориран резиденцијален објект.

„Проектот претставува еден од првите чекори на имплементација на мастер-планот за конзервација на Стоби, изработен во периодот меѓу 2019 и 2021, исто така во соработка со ‘Балканско наследство’, поддржан од ‘Ј. М. Каплан фонд’ од САД. Проектот за Теодосијанската палата ќе ги следи насоките од мастер-планот за конзервација на Стоби. Во него ќе бидат вклучени конзервација и реконзервација на архитектонските остатоци, во соработка со меѓународен тим од експерти предводени од Џон Стјуарт и Греам Абри од Велика Британија“, рече Спасе Перовски, директор на НУ Стоби.

Тој додаде дека меѓународните експерти исто така ќе бидат задолжени за едукација на експерти (конзерватори, археолози и менаџери на културно наследство) од Северна Македонија и од регионот, а ќе биде издаден и прирачник кој ќе вклучува препораки и насоки за понатамошно одржување на археолошкиот локалитет Стоби.

Министерката за култура, заедно со директорот Перовски, на археолошкиот локалитет Стоби се сретна и со студентите археолози, учесници на Меѓународната школа за археологија, кои годинава ни доаѓаат од Америка, Канада и од НР Кина.

„Драгоцено е искуството што го развива Стоби во својата едукативна и теоретска меѓународна соработка преку оваа Школа, преку соработката со Фондацијата ‘Балканско наследство’. Стоби ја продолжува својата успешна приказна за пример кон современо менаџирање и управување со културното наследство давајќи му живот на древниот град и во времето во кое живееме“, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека на овој начин се заштитува богатото универзално културно наследство, се афирмираат историјата и културата на нашата земја, се продолжуваат приказните од римскиот и од доцноантичкиот период, но се почнуваат и нови приказни, кои зборуваат за нас сега и овде.

„Преку овие пријателски фондации, експерти со светско реноме се вклучени во проучувањето и во натамошниот развој и афирмација на Стоби, а тоа го става овој локалитет на врвот на светски познатите археолошки мапи. Во Стоби е живо и возбудливо како што е во лето на сите локалитети. Им честитам на нашите археолози за новото открие и им пожелувам успешна работа, размена на искуства и трајни пријателства на младите археолози, кои ни доаѓаат од светот“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Прикажи повеќе...

Археологија

Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

Објавено пред

Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за посетители поради коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

„Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8.000 години“, соопштија од Археолошкиот музеј.

Локалитетот се наоѓа во сегашната населба Ченто и е најзначајната неолитска населба во Скопската котлина.

Откриена е во 1961/2 година во текот на археолошки рекогносцирања за изградбата на автопатот. Денес тешко се забележува бидејќи 2/3 од површината се окупирани со куќи подигнати во доцните шеестти и седумдесеттите години на 20. век.

Тумба Маџари бил економски и пред сè културен центар на неолитскиот човек од овој регион.

Прикажи повеќе...

Археологија

Во урнатините на замок од 14 век пронајден ковчег со богатство

Објавено пред

Во урнатините на замок од 14 век во Полска е пронајден ковчег со сребро.

dobivaj vesti na viber

Се верува дека вредните предмети им припаѓале на Евреите убиени во Втората светска војна, пренесува „Сан“.

Кралскиот замок Nowy Sącz денес е руинирана средновековна зграда стара над 600 години. Се верува дека нацистите криеле украдени предмети таму кога ја окупирале Полска.

Историско-истражувачкото здружение преку „Фејсбук“ информираше за богатството, кое се состоело од најразлични предмети од сребро за домаќинството, вклучувајќи чаши и прибор за јадење.

Dzisiaj 14.06.2020r. Wzgórze Zamkowe w Nowym Sączu oddało nam sporo srebra z epoki. Pozdrowienia dla wszystkich poszukiwaczy i życzymy podobnych sukcesów.

Posted by Stowarzyszenie Historyczno Eksploracyjne Sądecczyzny on Недела, 14 јуни 2020

Во ‘рѓосаниот ковчег биле закопани 103 сребрени предмети. Секој од нив, наводно, е направен во Австрија или Полска.

Локалниот археолог Бартломеј Урбаски за „The First News“ изјави дека предметите од почетокот на 19 и 20 век биле поврзани со еврејски обред и веројатно биле закопани за време на Втората светска војна.

Полскиот замок, во близина на кој е откриено среброто, бил претворен во касарна од нацистите во 1941 година, а исто така бил користен и како складиште за муниција. Во 1942 година, целото еврејско население од тоа подрачје било однесено во логор.

Полските војници ја разнеле нацистичката касарна во 1945 година и речиси целосно го уништиле замокот.

Другите откритија во замокот вклучуваат збирка монети од 15 век.

Замокот Nowy Sącz се истражува, бидејќи има планови да се изгради повторно.

Сребреното богатство ќе биде предадено на археолозите кои ќе направат попис сите артикли, а потоа ќе ги изложат во локален музеј.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет3 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет5 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет6 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет7 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет8 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет9 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет9 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет9 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...